„Земете го зборот пеперутка. За да го употребите не е нужно вашиот глас одеднаш да тежи помалку од грам, или да му закачите мали правливи крилца. Не е потребно да измислите сончев ден, или поле со нарциси. Не е неопходно да бидете вљубени, или да сте вљубени во пеперутки. Зборот пеперутка не е вистинска пеперутка. Постои збор, и постои пеперутка. Ако ги помешате овие две работи луѓето ќе имаат право да ви се смеат. Не му придавајте толку значење на зборот. Тој е само податок. Тој не е можност да лебдите, да се извишите, да се спријателите со цветовите, да симболизирате убавина и кршливост, или да имитирате пеперутка. Не ги глумете зборовите. Никогаш немојте да ги глумите."
Леонард Коен, Како да се говори поезија