Вести од Србија. Не, не се работи за Ратко Младиќ, спорот СПЦ – МПЦ, или за гостување на некоја силиконеста турбо – мега – ѕвезда, туку за нешто пофино. За книга, на пример. Десет автори на возраст од луди млади години (кој помалку, кој повеќе) на едно место, помеѓу две корици. Меѓу нив и јас и Ѓоко Здравески, преведени на српски.