Оние кои редовно, или барем чат-пат ги следат новостите во книжевниот свет, последниве два месеца не можеа глава да кренат од Франзен. Неговиот нов роман „Слобода" (по „Корекции" кој се појави 2001, истата недела кога се случи 9/11, и беше номиниран за Пулицер), беше хиперболично прогласен за „книга на векот" уште пред да стигне до книжарниците.