Новинарката, 'оправдувајќи' го обичајот со неговата древност и етнолошка издржаност, сепак не пропушти со звучни сигнали да ги покрие фолклорните бисери. Така, љубопитно наместени пред телевизорот, наместо со најавената „мрсна" вест, останавме со звучните сигнали в раце.
За табуизирањето на овој дел од фолклорното наследство сепак се најмалку виновни срамежливите новинар(к)и. Самите етнолози долго време се снебивале да го собираат, објавуваат и коментираат, несакајќи да бидат обвинети за гнасење на моралниот лик на сопствениот народ, инаку познат по суптилноста во изразот и делата. Во моментот кога фолклорното наследство е прогласено за база на идентитетот, сидро на континиуитетот и непресушен извор на мудроста, станало јасно дека песните од типот „не се плаши не се бој.." нема да влезат на тој список.
Во Македонија воопшто не е објавен (а и едвај е познат) делот од оставштината на Цепенков, кој пак во 1996, под наслов „Најг'нсни думи од Прилепско" е издаден во Софија! Во забелешката на почетокот на книгата, самиот Цепенков се оградува од нејзината содржина, правдајќи се со следниве зборови:
„Многу приказни ми дошле до рака да и пишам со гнасни зборои, арно ама многу сум се мачил да ѝ пишуам да не му бидат јавни гнасните зборови, ами покриени. Да речиме кај што требало да се кажи 'газо', сум го кажал 'под опашка', каде 'куро', сум го пишал 'наредата'. Арно ама овде ништо нема покриено што е гнасно, ами сè сум открил, што е гнасно и нечесно речено од нечесните наши браќа Прилепчани, Госпо да си ги прости и ниф и нас што ѝ пишавме овие пословици и мали приказнички.
Од една страна ми е мака што ѝ пишаф, а пак од друга мислам оти ќе поможам со некои зборови што ќе се извлечат от филолозите од гнасните пословици. Та со таа надеш, бидејќи некако совеста и ме мачи, најпосле молим Редакцијата на Министерскио зборник, ако ги одобри овие пословици и др. да ги напечати, името мое да не ми го пишуа ами само да пишат от Прилеп и ништо друго. Откоа ќе ѝ напечатат, ракописите веднаш да се турат в огон".
Желбата за анонимност на Цепенков очигледно не е испочитувана, а материјалите се сепак отпечатени – веднаш по овој негов вовед следат стотина страници нецензуриран, сочен материјал, кој покажува сосема поинаква слика од онаа за ригидната и по сексуалните прашања инхибирана народна култура. Редакторите на неговите материјали од Македонија сигурно знаеле за нив но тие, или уредниците на 10-томното издание на неговите собрани дела, веројатно сметале дека нивното вбројување во една ваква збирка, која во предговорот се оценува како 'постигање од несомнено значење за нашата културна историја', би било несоодветно и – срамно. „Срамни" зборови речиси и да нема и во Речникот на македонскиот јазик, каде женскиот полов орган е застапен со латинскиот еквивалент „вагина", а машкиот го нема ни под дрво, ни под камен.
Ситуацијата не е многу различна ни во регионот. Одделнието за јазик и литература на САНУ во Белград ја издал последната книга од необјавените народни песни со еротска содржина, собрани од Вук Караџиќ, во само 500 примероци (додека останатите четири тома од неговите материјали се објавени во тираж од по 3000), со строга назнака на корицата дека таа е „само за научна употреба" и под еуфемистичен наслов „Особите (!) пјесме и доскочице". Особите, бе!
Без намера од мрсното да правиме посно, и од безобразното смерно, само ќе го нагласиме очигледното – секоја заедница која не ја поттикнува репродукцијата на нејзините членови се осудува на самоисчезнување. Еротскиот фолклор, главно карактеристичен за периодот од зимската краткодневница па до пролет (Бадник, Василица, Водици, Прочка), но и за свадбите, нема (само) забавна туку пред сè обредна функција – да ги поттикне животните сокови, магиски да влијае врз плодноста и бериќетот. Главните ликови на обредите под маски (бабата и дедото, не Обама или Боки 13), се симбол на спојувањето на машкиот и женскиот принцип, низ еден космички коитус, кој визуелно не изгледа ништо поразлично од 'обичен' секс. Оргијастичкото расположение за време на карневалите има и психолошка функција – луѓето да се издуваат, да си кажат што имаат, да се изглупираат, и после цела година да се раат. До следниот карневал.
Во прилог избор од еротскиот фолклор на нашиот очигледно сексуално поткован и попален народ. Ако одите во Вевчани вечерва, можеби ќе чуете некои од нив. А ако василичарите ве удрат со стапот (оној големиот, дрвениот), не се секирајте. За арно е.
* насловте на песните се наши
ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
Натиче, Катиче,
На пиче ти катинче,
Мој ти курац калдрма
Што ти пиче раздрма!
ВИСОКО ОБРАЗОВНА ПЕСНА
Даскалица пиле пече,
Од путката мас ѝ тече.
Даскалица спрсна,
Даскал ѝ го сврсна.
Даскалица се спрепна,
Даскал ѝ го репна.
Даскалица переше,
Даскал ѝ го мереше, ооо...!
НЕ ДАЈ СЕ СТОЈЧЕ
Девојка ме моли
Да спиеме голи,
А јас неќу, неќу
Стра' ме ќе гу згмечу.
Даде ми коштанче,
Подигнав ѝ фустанче,
Даде ми лажичка,
Ѝ го турив в пичка.
ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА
Лена, Ленка бор садила,
Пичката и се запалила!
Бргу, попе, изгасни ја!
Еба си ја, нека гори,
Среда, петок месо јала,
Мене пичка не ми дала.
РОДОВА ПОДЕЛБА НА ТРУДОТ
Суро, суро, суроа
Под куќата Ѓуроа,
Ѓуроица метеше
Ѓуро ѝ го гнетеше.
КОНФОРМИСТИЧКА
Не се плаши не се бој,
Коски нема курот мој.
Оди, моме, подесно,
Да ти влезе полесно!
СОВРЕМЕНА
Ебале се двама
У чичина слама,
Пратиле телеграма
Да дојдат још двама,
Јавиле по телефон
Да дојде чичко Андон -
Да тури куртон,
Да ебе и он.
СВАДБАРСКА
Пизда, пизда дебела,
Се мажела в недела,
Дошле сватови,
Со китени стапови.
(од збирката „Секој петок урда јадам",
уредник Боне Величковски)
Мал в бојо, голем во куро.
Молена пичка, кисело ебаање.
Моиш да опстоиш на мојов?
Му го слизна, како некој смок.
Нејќи пиле печено, ами сака пиче кубано.
Никому ништо, мене ми отечи газо.
Остаре, обеле, пичкини заби не виде.
От простум се ебаат, таква курветина што е.
Речи незнам. Незнам. Да ти го резнам.
Речи пиле писна. Пиле писна. Јас ти го втисна.
Речи Битола. Битола. Да те ебе поп Никола.
Се напнал како кур в зора.
(од „Најг'нсни думи од Прилепско")