Таков, несимпатичен, Кустурица ни стана додуше посредно, преку она што слушнавме дека го кажал, или претпоставивме дека го направил, особено поврзано со војната во Босна: пиел виски со Милошевиќ додека на неколку стотини километри се одвивал геноцид, си го дрвел по странства и го градел Дрвенград додека неговиот народ се пател, изјавил дека бројките на убиени и силувани муслиман(к)и во војната е претеран итн. Самиот или ги демантираше изјавите, или ги прекинуваше интервјуата во кои го провоцираа на овие теми. Новинарите на БХ магазин, иронично изјавувајќи дека се првиот федерален медиум на кој „овој гигантски режисер" му дал интервју, неодамна направија компилација од негови изјави во српски и француски весници, насловувајќи ја, уште поиронично, со „Моето враќање во Сараево не е спорно". Последната бура ја предизвика веста дека по повод 50. годишнината од Нобеловата награда на Иво Андриќ не само што Кустурица ќе биде режисер на „Мостот на Дрина", туку дека тој во Вишеград ќе гради и „каменград" – Бедрок, како што го нарекоа гневните критичари на проектот - кој треба да ги задоволи неолитските сексуални фантазии на големиот кинематограф.
Дали некој автор ви е симпатичен или не е веројатно сосема неважно доколку книгата која ја напишал се однесува на средовековните крстоносци, или на Франција во времето на Луј XIV. Тогаш е полесно да се задржи и личната, и историската дистанца, и за делото да се суди „како такво". Но книгата на Кустурица е автобиографија, и таа се однесува на период кој повеќето од нас, неговите читатели, го имаат проживеано како негови современици. Оттаму, нејзиното читање како „вистинска" или „лажна" приказна е неизбежно. А особено споредувањето со онаа нашата, за времето, и за авторот.
И токму тука лежи изненадувањето! Книгата за која очекувавме дека ќе биде или претенциозно покајничка или безобразно улизувачка (во Србија продадена во повеќе од 50,000 примероци само еден месец по излегувањето), излезе дека е топла семејна хроника. Ликовите на неговите родители, маалски другари и роднини се живописни, истовремено полни и со севдах, и со хумор. Делови од книгата силно маваат по сетилата - не' потсетија на мирисите и звуците на градот кој го сакавме, а од кој сега не знаеме што остана. После десетина страници тензијата почна да ни спласнува, а веќе кон средината наместо да му се лутиме на авторот, почнавме да го жалиме. Веројатно на истото чувство мисли и Мухарем Баздуљ, кој во својот осврт во неделникот Време го нарекува Кустурица трагичен лик, цитирајќи го англискиот поет Роберт Браунинг кој вели дека таа (трагичноста) произлегува од неможноста да се спои времето, местото и она што го сакаш. Автобиографијата на Кустурица е приказна за еден таков, растргнат, отуѓен и невкоренет лик, кој се обидува барем во своите спомени да најде сидро во времето, ако веќе не и во просторот.
На војната во книгата ѝ се посветени само десетината последни страници. Има тука и гнев, и иронија, и одрекување, denial: има многу мртви, ама само од природна смрт. Има „тутумраци" – босански интелектуалци од сите националности – кои се повиновни за распадот и војните од нарцисоидните и пијани (Милошевиќ), или поткупливите и литературно непотковани (Изетбеговиќ) претседатели. Има снајпери, ама не се знае чии. Има книги, на Андриќ. Има музика, на Забрането пушење и на Лу Рид. И го има, едно 620 пати, хуманиот, љубопитен и, да, симпатичен, Џони Деп. Најмногу сепак го има авторот, кој како мантра низ целата книга повторува една иста реченица - „А где сам ја у тој причи?" - веројатно несвесен дека таа всушност се однесува на самиот него. Автобиографијата е можеби најмногу тоа, обид да се лоцираме во пошироката приказна, да се сместиме во неа како во удобна фотеља, или да балансираме на неа како на нестабилно столче. Во таа смисла приказната на Кустурица е како босанскиот триножец од кој некогаш паднала нивна соседка. И неа и' фали една ногарка, за да речеме дека тој во, и низ неа, конечно го нашол својот мир. За катарзата да биде целосна можеби како и другар му Бреговиќ и тој треба да се врати во Сараево. Па aко преживи, причаче.
Мојот последен спомен на Босна е акцијата за собирање лековити билки од 198-и-некоја на Игман и Белашница, на која, како на некоја проштална забава, се собравме од сите краишта на Југославија. Кристина, Горан, Бахрудин, Наташа, кој знае каде се сега. Некои живи и здрави, некои проголтани од мракот. Дури и да го слушнам најлошото за нив, ќе се обидам да се утешам со зборовите на Куста. Смртта е непроверена гласина. Да, како понекогаш и самиот живот.
FILDZAN VISHKA
69-a moj stari i ja,
Na biciklima
Pa pravac Ilidža put rijeka, livada
Gdje teferići raja iz Sarajeva
ćebe, pivara, roštilj i odbojka
Sve šareno poput ćilima
A sa radija "Plima" od Indexa
I vijesti iz Vijetnama.
I stari reče tad:"Vidiš tu svako zna
Politika je prosta stvar,
Kafu kad zakuvaš, fildžan se ostavlja
Ako ko naiđe, jebi ga!"
To ovdje svako zna
To je raja iz Sarajeva
To ovdje svako zna
Raja iz Sarajeva
Iz moga Sarajeva
84-e je pao snijeg
I skupio se čitav svijet
Pa skije na rame
I sanke u ruke
Put Rajske doline
Begovu džamiju nekom kauboju
Jalija prodala
Strendžeri skontali
Da slava i novčići
I nisu najvažniji
U votaži
I stari reče tad:"Vidiš sada
čitav svijet zna
Da postoji grad
Gdje se kafa zakuva,
I fildžan ostavlja
Ako ko naiđe, jebi ga!"
To ovdje svako zna
To je raja iz Sarajeva
To ovdje svako zna
Raja iz Sarajeva
Iz moga Sarajeva
Proljeće 92. vreli čelik raznese
Sve komšiluke i sve derneke
Kažu, sve dosada
Je laž i obmana
Zavjera ustaško-džihadska
Il upali foluška
I stari reče tad, čisteći zgarišta:
"Ne žalim žutog "yugu", a ni stan
Već što više nikada
Kafu kad zakuvam, fildžan neću ostavljat
Ako ko naiđe... jebi ga!"
To sada svako zna
To je raja iz Sarajeva
Iz moga Sarajeva
Raja iz Sarajeva
Iz moga Sarajeva
Raja iz Sarajeva
Iz moga Sarajeva...