Bookbox

Почна годишното пребројување на 14.000 животни во лондонската зоолошка

Од највисоката жирафа до најситниот полноглавец - мерењата кои се прават секоја година во Лондонската зоолошка (и не само таму) се важна витална статистика за секое животно, но помага и во споредување на податоците помеѓу повеќе зоолошки во Британија.

Може едно аперолче?: кратка историја на популарниот аперитив

Ова лето аперол шприц-от може да се види на шанкови и кафански маси насекаде низ светот. Но за Венецијанците ова е изненадување - како една пијачка која до пред две децении можела да се најде само во скромни таверни и барови го освоила светот?

Подземната трговија со најдобрата ванила во светот

„Ванила“ во англискиот се користи за нешто стандардно, невозбудливо, обично. Но приказната за трговијата со овој зачин во Мексико е многу поинаква, додавајќи горчливи тонови на убавата ванила. Нешто на што можеби ќе помислите следниот пат кога ќе ја ставате во колачи, особено ако е од онаа „вистинската“.

Славни научници и изумители кои не ги бивало за математика

Стереотипот е следен - ако си по природните науки и технологијата, тогаш мора да си добар и во математика. Но Томас Едисон, Чарлс Дарвин и други генијални научни умови мака мачеле со неа. Мала утеха за некои од нас, математички неписмените. 

Сте се обиделе да вденете конец во игла без исплазен јазик?

Она кога правиме нешто што подразбира прецизност на рацете и се фаќаме како несвесно јазикот ни ѕирка од устата? Ова можеби изгледа смешно, но открива една цела историја на еволутивни врски во човечкото тело.

Пред Пауер поинт: кратка историја на бизнис презентациите

„Презентациите, како и порното, секогаш ја имаат туркано технологијата напред“. Оваа реченица во статија за историја на oна што денес генерички го нарекуваме „Пауер поинт“, односно на периодот пред тој да почне да гази во различни области од бизнис до образование, нè натера да се заинтересираме. 

Уметник праќал стаклени скулптури по карго и направил изложба од резултатот

Преку серија скулптури создавани во тек на девет години, уметникот од Лос Анѓелес, Валид Бешти сакал да види (и да ни прикаже) што се случува со стаклени предмети кога истите ќе бидат испратени во стандардни кутии на ФедЕкс. Накратко, скулптурите се - крш.

„Има две, и се нишаат“ - кога папата требало да докаже дека е машко

Легендата вели дека новоизбраните папи во средниот век требало да ги презентираат своите гениталии на „инспектор“ кој потврдувал дека тие се мажи. За таквата потврда тогаш било доволно да се има мадиња, и физички, а и метафорично - за да се издржи церемонијата.

Директорот на Британскиот музеј поднесе оставка поради „исчезнати“ предмети од колекцијата

Не се случува само во земји како нашата, во која странски експерти често доаѓаат да споделат искуства со нивните одлични системи на заштита на културното наследство. Илјадници предмети од Британскиот музеј едноставно ги нема, и тоа не само физички туку и (случајно или намерно) во документацијата. 

Лепливата историја на баклавата

10-11 слоеви тенко тесто, секое рачно сукано, полнето со мелени ореви (во новокомпонирани верзии и со чоколадо, вишни и други марифети) и прелиено со шербет од шеќер или мед. Звучи премногу академски кога се опишува вака детално, во споредба со сензацијата на простото лапни-голтни. 

Денешните уметници имаат заборавено да цртаат

Поентата на копирањето на постоечки цртежи или сликање живи модели е контрола на очите кои на тој начин се натерани навистина да гледаат, и на раката која е главната алатка на пренесување на виденото на хартија или на платно. Но повеќето уметнички школи денес не изгледаат нешто заинтересирани да ги научат своите студенти на оваа темелна вештина. Тие се фокусираат на други, „потренди“ активности, а оние кои сакаат да учат традиционално тоа најчесто мора да го прават самите. 

Интервју со Ведран Андонов, државниот првак во „Катан“: Должам кафана што ме убедија да се пријавам

На 20 август, во организација на Гоблин, се одржа првиот официјален државен натпревар во „Катан“. Оние кои играат друштвени игри ја знаат оваа игра како одлична комбинација на среќа, комбинаторика и преговарање – сите елементи во кои Ведран излезе најдобар и со тоа се здоби со можност (а сега богами и обврска) да ја претставува Македонија на Европското првенство во Катан во Копенхаген од 27-29 октомври. Па, да го запознаеме шампионот.

Дали живееме среде „поликриза“?

На моменти како да ни е потребен свеж збор за да го опишеме преклопувањето без преседан во историјата помеѓу еколошките, политички и економски предизвици. Ако „криза“ звучи недоволно сериозно и преџвакано, тогаш како би било - поликриза?

Харпеџи - хибридот од гитара и пијано кој добива на популарност

Името му е комбинација на харфа и арпеџо. Долг еден метар, тој може да се опише како „кога пијаното и гитарата би имале дете“. Откако пред десет години се појави во рацете на Стиви Вондер и други музичари почнаа да му обрнуваат внимание.

Музика за жени: раѓањето на „лесните ноти“

Целна група на радио формат од 1970-тите била „женската душа“, а нејзе продуцентите ѝ се обраќале со музички ре-аранжмани кои содржеле помеки и понежни (женски?) верзии од популарните хитови на тоа време. 

Британски бендови кои морале да го сменат името во САД

Вчера, 20 август, се појавија постови во чест на 41-годишнината од еден од пионерските електронски албуми на дуото Јазу, „Горе кај Ерик“. Кога сакавме да се потсетиме на него, на јутјуб ни излезе истиот но од бенд наречен Јаз. Уат?

Прирачник за патници низ времето: необични глаголски времиња во различни јазици

„Се беше било случило“ - понекогаш недоволно ги користиме и оние опции за лоцирање на дејството во време кои веќе постојат во јазикот (затоа што се комплицирани или звучат архаично), а тоа е штета, затоа што можат да затребаат. Доколку пак нема опција во нашиот јазик, секогаш можеме да позајмиме од таков во кој има.

Kлубот „13-ка“ кој се борел против суеверието поврзано со бројот 13

Тајното здружение формирано на крајот од 19 век во Вирџинија, познато по своите хуманитарни и просветителски активности, дури и во времето на својата најголема активност се собирало ретко - само кога тринаесеттиот ден во месецот ќе се паднел во петок. Намерно, затоа што една од неговите цели била борба против суеверието.

Париските продавачи на книги не мислат да се тргаат од кејот поради Олимпијадата во 2024-та

„Букинистите“, или продавачите на книги од втора рака на зелените киосци лоцирани крај париската Сена, се подготвени да одат до крај во протестот против одлуката на градските власти, нивниот извор на приход и белег на градот да биде отстранет во име на безбедноста на Олимпијците за време на летните игри следната година.

Прашина - како светот се гуши во милијарда честички

Нова интригантна книга на географката Џеј Овенс покажува зошто честичките кои летаат низ воздухот се истовремено и спас за природата и нејзин отров. Таа е тука не само кога ќе заборавиме да забришеме по дома, туку и - или особено - кога не ја гледаме. 

Најнеслушливиот албум на сите времиња?

Се вика „Метал машин мјузик“ и е петтиот студиски албум на Рид, како соло изведувач. Уште од времето на неговото излегување во јули 1975 критичарите и публиката биле збунети - дали навистина станува збор за експериментална музика или е просто „местенка“, нож забоден во ушите, особено на првите. 

Нова книга со рецепти инспирирана од друштвената игра „Катан“

Во пресрет на првото Државно првенство во „Катан“, кое ќе се одржи на 20 август од 11 часот во „Јавна соба“, рецепти инспирирани од оваа игра-бестселер, и причина повеќе да почнете да ја играте - ем друштво, ем добра храна.

Строгите правила на Хичкок како да се гледа неговиот „Психо“ во кино

Кога во 1960 излегол еден од најпознатите филмови на Хичкок, за да привлече внимание и за да си ги врати вложените пари, тој смислил лукава рекламна кампања. Пред секоја сала поставил постер со предупредување - „Директорот на ова кино доби инструкции, по ризик на својот живот, да не пушта никого откако ќе почне проекцијата. Сите обиди за влез од странични врати, пожарни излези или излези за вентилација ќе бидат санкционирани“. Колку и да звучи чудно, ова успеало.

„Оној кој станува рано е мудар на сабајле, а глуп попладне“

Да се стане во 5 наутро без намера да се гледа изгрејсонце од врв на вулкан е нешто што треба да се направи максимум два пати во животот - чисто да се види како е. Но и да се станува во 10 не е баш најдобра идеја, затоа што може многу да се пропушти. Тогаш?