Концертите на Црниот од Морија започнуваат на следниов начин - во позадина оди ребетико, традиционална грчка песна од 1930-тите, која вели:
„Синоќа во мракот
двајца црни мажи ми начекаа
ме претресоа
и ми го земаа хашишот“
Како што песната завршува, „Црниот Морис“, како што поедноставено гласи неговото инаку тешко преводливо грчко уметничко име, излегува на сцената и ја поздравува публиката: „Добро вечер, јас сум вашиот бел пријател“.
Роден во сиромашна атинска населба од родители по потекло од Гана, Негрос ту Морија се претставува како некој што ги доведува во прашање нарцистичките категории на раса, идентитет и музика. Ова го прави меѓу другото и со самото име, кое му е асоцијација на Герос ту Морија (Стариот од Морија - старо име на полуостровот Пелопонез), прекар на Теодорос Колокотронис (1770-1843), грчки генерал и водач на Грчката војна за независност против Отоманските Турци. Оваа игра со симболот на класичната „грчкост“ е шлаканица за национализмот и расизмот на грчката и на која и да е десница, но и ја отелотворува реалноста на Атина од 21 век со бунтовната младина која има поголеми проблеми од нечија боја на кожа.
Негрос рапува на грчки и на урбан сленг, со тоа оддавајќи им почит на субкултурите кои се маргинализирани од националните институции, но и од музичката индустрија. Во мелодиите намерно вклучува грчки фолклор (и извици од типот на „опа“), додека зборува за дискриминациските политики и финансиските кризи. До сега има издадено 6 албуми, a eве една негова песна под наслов „Го изгореа“, која има над милион прегледи на јутјуб.
They have burned it
Some rappers have burned it
Some trappers have burned it down
It's been lost on the kids that they're all dudes
Directors have burned it
The beatmakers have burned it
The women also lost it that they are all good dudes
The dudes in the little church have burned it, they're twisting it
But most people tell me they have lost their minds, opa!
Ala!
Negro!
Zulu!
Say it!
Give it!
I know!
Aida!