Ехоизам: обратната страна на нарцисоидноста

Нарцисоидноста е опсесија - сакаме да знаеме како да ја препознаеме, дали шефот ни е „нарцис“, дури и домашните миленици. Но многу помалку се зборува за една поинаква а исто така загрижувака појава, поларниот опозит на нарцисоидноста.

За да се разбере суштината на ехоизмот, најпрвин треба да се вратиме во древна Грција, од каде потекнува овој термин. 

Ехо била нимфа со прекрасен глас, кој го користела за да ѝ го одземе вниманието на Хера, „кралицата“ на боговите, за оваа да не забележи дека нејзиниот сопруг (Ѕевс) ја изневерува со пријателките на Ехо (другите планински нимфи).

Хера на крај ја сфаќа играта и ја казнува Ехо со тоа што ќе нема контрола над сопствениот говор. Таа може да зборува само кога некој ќе ѝ се обрати, при што можела само да ги повтори последните зборови на човекот што ѝ се обраќа. 

Иако ваквата казна тешко ѝ паднала на Ехо, нејзиното вистинско страдање започнало кога таа се заљубила во Нарцис, ловец познат по својата неверојатна убавина. Неговото одбивање на Ехо поради тоа што таа не можела да зборува толку ја погодило, што на крај од неа останал само нејзиниот глас.

Бидејќи Ехо им помагала на другите нимфи да се спојат со кралот на боговите, „ехоистите“ се фокусираат на исполнување на потребите на другите, игнорирајќи ги сопствените. Тие имаат тенденција да бидат сочувствителни, и да одбегнуваат па дури и одбиваат внимание. Имаат потешкотија со поставување граници, тенденција која произлегува од самообвинување и страв дека зборувањето за сопствените проблеми може да биде товар за другите. 

Ехоистите и нарцисите можат да се привлекуваат. И иако е лесно да се мисли на првиот како некој што злоупотребува, а на вториот како жртва, вистината е дека обете страни задоволуваат некоја своја потреба. Суштината е во умереноста и „здравата“ доза на елементи од обата карактера. 

Но за да се разбере колку нарцисоидност или ехоизам е потребен пред тие да станат токсични, треба да се промени начинот на кој ја перцепираме човечката природа. Наместо да мислиме за особените на личноста како на нешто фиксирано (или си ехоист или не), треба да се фокусираме на разбирањето на тоа како нашето однесување и личност се менува од еден ден до друг, во зависност од тоа што се бара од нас внатре комплексната социјална околина во која сите живееме. 

извор

28 јуни 2024 - 08:21