Bookbox

Зошто викинзите биле закопувани со друштвени игри

За да имаат со што да се занимаваат на оној свет, викинзите биле закопувани со древна друштвена игра позната како „нефатафел“. Долго време во преводите на сагите таа била погрешно толкувана како шах. 

„Борген: моќ и слава“ или политички интриги со вкус на нафта

Политичката драма која прв пат се прикажа во Данска во 2010 имаше три сезони, а во моментов на Нетфликс се прикажува четврта, која додуша оди под засебно име. Уште тогаш, пред дванаесет години, беше јасно дека креаторот Адам Прајс има некаква способност да ги предвиди (или да влијае) врз политичките настани во земјата. Сега некои референци исто така бизарно оддекнуваат, иако не се нужно поврзани со реални настани. 

„За да ослабеш мачкај се со кравји лепешки“ и други бизарни совети од средниот век

Колку и да сакаме да мислиме дека сме понапредни од луѓето во „мрачниот“ среден век, всушност и не сме толку различни. Советите кои тие си ги споделувале и денес имаат еквивалент во рубриките кои обично завршуваат на „дното“.

Ако си ја мразите работата, ѕирнете ги овие книги

Сте работеле како пештерски човек во тематски парк? Сте пишувале флаерче со совети за самопомош кое е дел од пакет крекери? Овие, и уште куп работни места кои не може да се каже дека го исполнуваат човечкиот дух со ентузијазам и чувство за мисија, може да бидат антидот на нашата разочараност од сопствените aргатувања.

Нова видео игра базирана на поезијата на Емили Дикинсон

Се вика „ЕмилиБластер“ и како што асоцира и самото име е направена во стилот на оние „пињау-пињау“ игрици од 1980-тите. Само овде се пука со пердув и мастило и се составуваат стихови.

Вехбо Маљевац или приказната за највисокиот Југословен

Бил висок 2,29 метри, а според некои дури 2,34. Кога ќе се појавел на корзо, и чаршијата и партијата му биле до пазуви. Вехбо бил повлечен и не уживал во својата „слава“ која всушност му носела повеќе неволји. A негов човечки „контрапункт“ бил Мишо Џуџето.

Кога Линколн одбил да ја насели Америка со слонови

Кога нов претседател ќе стапи на должност, вообичаено е да добива дипломатски поздрави, подароци и политичка поддршка. Но кога администрацијата на Линколн влегла во Белата куќа таа одбила подарок кој можел да испадне многу интересен: шанса да ги насели САД со диви слонови.

Умберто Еко: Како да не дознаеш колку е часот?

Скапите часовници не служат за да го мерат времето. Како и целата индустрија од информации, тие ризикуваат да не кажат ништо, затоа што кажуваат премногу. Барометарски притисок, надморска висина и длабочина на морето, хронометар, термометар, сите часовни зони, осум будилници, калкулатори. Во сето тоа најмалку битно станува прашањето - колку е часот?

Американскиот град познат како „Мека на разводите“

Сијукс Фолс е најголемиот град во Јужна Дакота. А во него има зграда која некогаш била судница, каде се слевале незадоволни сопружници во потрага по едноставен крај на своите бракови. Новинарите од 19 век го нарекувале местото „колонија на разводи“.

Како изгледа демократија која не вклучува само луѓе?

Под вклученост на „не-луѓе“ во демократските процеси не мислиме на метафорични мајмуни и овци, туку на вистински животни, екосистеми и вештачка интелигенција, кои би овозможиле политиката која во моментов е хуманоцентрична, да биде вистински планетарна.

Кога мнозинството вештерки биле мажи

Првата асоцијација за човек што се занимава со црна магија е дека станува збор за жена. Таквата слика е промовирана во поголемиот дел од католичка и протестантска Европа, каде независните жени се држеле во подјарменост преку вакви обвинувања. Но во православна Русија, голем број од обвинетите биле мажи, со поинакви идеи за тоа од каде потекнува моќта на магијата.

Кој бил првиот автостопер во историјата?

Нова книга на Џонатан Пуркис под наслов „Возење со туѓинци: што ни кажува автостоперството за човештвото“ го разгледува феноменот кој беше доста чест на нашите простори, а кој можеби повторно ќе се актуелизира со оглед на високите цени на горивата и патувањето, и покрај сите безбедносни и здравствени ризици кои ги подразбира.

Човекот кој сакаше да биде бескорисен: 95 години од раѓањето на Хуго Прат

Неговиот „Корто Малтезе“ ги воспостави стандардите за тоа како треба да изгледа уметнички обликувана графичка новела. Но биографијата на енигматичниот капетан, син на морнар од Корнвал и Ромка од Севиља, и покрај сите авантури, тешко може да се спореди со онаа реалната, на самиот автор.

Ник Кејв ќе стане тинејџер во цртан филм

Анимираната серија се вика „Пред да станат богови“, а главни ликови се Кејв и шведската рок ѕвезда Тострем, кои како замислени 14-годишни пријатели живеат во Шведска и уживаат во убавината и виното. На режисерот идејата за проектот му дошла на сон.

Пребогатиот Џејмс Патерсон тврди дека белците се соочуваат со „расизам“ во областа на културата

Игра голф со поранешни американски претседатели, а богами и пишува романи со некои од нив. Неодамна објави книга со Доли Партон, роман базиран на нејзината животна приказна. Веројатно ни сам не знае колку наслови има на свое име, и колку од нив завршиле на врвот на топ листите. Па сепак, човекот се чувствува дискриминиран. 

Човекот што икнал 430 милиони пати во 68 години

Во текот на речиси седум децении Чарлс Осборн веројатно пробал сè на списокот „бабини лекови“ за да си ги скрати маките со икањето. Кога видел дека нема чаре, решил просто да живее со него - два пати се женел и имал осум деца, сето тоа икајќи. Последната година од животот му била најсреќна, бидејќи тогаш симптомите чудесно исчезнале. 

Од воздржано смешкање до раскљафтени емоџи: кратка историја на насмевката

Насмевката е најлесно препознатливиот израз на лицето на далечина. Тоа е исто така и најлесен, во споредба со другите изрази кои искажуваат некакво чувство - на оние за страв, лутина или вознемиреност им се потребни до четири фацијални мускули. За насмевка е потребен само еден, кој се вика зигоматикус мајор, и се наоѓа на аголот на устата.

Зошто во Франција е забрането јадење на работно место?

Со една рака куцкаш по тастатура со друга кршиш ѓеврек и мацаш во јогурт. Во Франција ова е забрането и за кроасан, и за ѓеврек и за што и да е, и тоа со закон.

Арктичкиот истражувач кој се ослободил од лавина со бодеж од сопствениот измет

Кога ја прочитавме биографијата и достигнувањето на човекот за којшто станува збор, приказната ни се виде позната. Се потсетивме дека во 2020, Метин Ерен, антрополог од Универзитетот Кент во Охајо, направи нож од сопствениот замрзнат измет, за што доби Иг Нобел. Но тоа очигледно не било негова оригинална идеја.

Американските женски клубови за одгледување патлиџани

На почетокот на 20 век, „Доматните клубови“ биле начин младите девојки да се образуваат во областа на земјоделието, но и да се здобијат со вештини кои им овозможувале приход и поголема независност.

Не сме биле (само) ние виновни што забораваме важни нешта

Сте запишале во тефтерче, сте врзале конче за прст, сте се заколнале дека ќе запамтите. Па сепак, нештото едноставно ви се слизнало од ум - сте заборавиле нечиј роденден, да пренесете информација, просто да свртите телефон. Ново истражување ви го наоѓа оправдувањето коешто ви е потребно.

„Фејсмејкер“ - нова книга за првиот воен пластичен хирург 

За голем број мажи кои се бореле во Првата светска војна, стравот од тоа да се вратат инвалидизирани бил поголем од тоа да умрат. Но уште полошо било да се вратат унакажани во лицето. Еден доктор им помогнал на илјадници од нив не само да преживеат туку и да можат да бидат општествено прифатени и покрај своите повреди.

Кога на мајките им било плаќано да дојат свои и туѓи деца

Идејата за финансиска поддршка на жените за доење, дури и на сопствените деца, не била необична во доцниот среден век и во рана модерна Европа. А кумството кое се воспоставува преку мајчиното млеко важи и за наше тло.

Не знаете што е психоделија додека не го слушнете овој култен јапонски бенд

Необичното име, Рализ Денуде, била игра на зборови од францускиот (вализ денуде), во буквален превод соголени или празни куфери. Биле активни во 1990-тите, но до сега никогаш немале издадено официјален албум. Некои од членовите имале врски со радикални левичарски движења, ретко давале изјави и со тоа целата приказна со текот на годините добивала митски тон.