Bookbox

Кога музичарите се разбираат со очи

Музичката комуникација на сцена е од суштинска важност и може да направи разлика меѓу просечна и исклучителна изведба. Диригентот со очите и изразот на лицето дава назнаки, охрабрува но и опоменува, сето тоа затскриено од видикот на публиката. Членовите на оркестарот, пак, на овој начин меѓусебно се координираат. Нешта кои беше тешко да се постигнат додека се носеа маски, па веројатно тоа и беше една од причините зошто оркестрите паузираа.  

Од што зависи која ни е омилена боја?

Преференците во однос на боите се збир од нашето искуство со таа одредена боја - секојдневни интеракции со зелени, сини, виолетови, жолти и други нешта околу нас. Колку што бојата е позастапена околу нас, и колку што тоа искуство е попозитивно, толку бојата ни е поомилена. Така барем тврди теорија која се нарекува „теорија на еколошка валенција“.

Некако сум несигурен, а можеби и не: неодлучните не носат полоши одлуки

Најнова студија за разликата помеѓу оние кои не се мислат многу пред да „пресечат“, и оние кои тоа го прават со влечкање открила дека поголемата самодоверба не значи и исправна одлука. Не е брзината и квалитетот на одлуката она што ги кочи вторите, туку нешто друго.

Како грне и капаче: Секс пистолси и кралицата

„Год сејв д квин“ излезе како сингл во 1977, на сребрениот јубилеј на кралицата (25 години владеење), а подоцна беше вклучен во единствениот студиски албум на „Секс пистолс“. Како што се редеа годишнини од владеењето, така таа се реиздаваше. Нема причина да се наруши овој соживот на старите панкери и уште постарата кралица во текот на актуелните прослави на нејзиниот платинест јубилеј. 

Зошто слушаме музика чии стихови не ги разбираме?

Од француски шансони, преку корејски поп и латино песни, вообичаено е луѓето да слушаат песни чии текстови не ги разбираат. Ова не ги спречува да имаат дури и омилени песни помеѓу неразбирливите. Сето ова има врска со нешто што се вика „звучен симболизам“.

Морничавиот звук на една гитара: заборавената приказна за Бранко Матаја

По трауматичните воени искуства, работните кампови и животот како бегалец, не е ни чудо што југословенскиот музичар бил задоволен од мирен живот во предградие на Лос Анѓелес, правејќи посебно нарачани гитари за муштерии како Џони Кеш. Речиси половина век подоцна неговата музика се реиздава и предизвикува огромен интерес.

Човекот кој буквално правел пари oд својата уметност

Во 1984, додека седел во некоја кафетерија, уметникот Стивен Богс почнал да чкртка на салфета нешто што почнало со бројот 1, а потоа се трансформирало во банкнота од еден долар. Така се родила идеја која ќе ја одреди целата негова понатамошна кариера.

Таткото на поп музиката за кого не сме слушнале

Поп музиката не за почнала со Битлси во 1963, ниту со Елвис во 1956, па дури ни со првите сингл-плочи од 1949. Историјата на овој жанр има врска со името на американски композитор чии песни многумина ги сметаат за „народни“, односно дел од големата американска „песнарка“.

Зошто луѓето ги мразеле количките за пазарување кога се појавиле?

Појавата на количките за пазарување во раниот 20 век помогнала да започне ера на масовна потрошувачка, да се развијат супер-маркетите онакви какви што ги знаеме денес и да се прошири асортиманот на производи, без потрошувачите да се секираат како ќе ги однесат нештата до каса, а потоа до кола.

Бредли Купер снима биографски филм за Леонард Бернштајн

Читајќи ја „дебелата“ биографија на Хемфри Бартон за Бернштајн (преведена и на македонски), човек не може а да не се праша зошто до сега никому не му текнало да сними филм за овој бескрајно талентиран и необичен лик. Во меѓувреме сепак му текнало, и тоа на Бредли Купер. 

Опасното „цмок-цмок“: жената која водела борба против бакнувањето

На почетокот на 20 век почнало да станува јасно како се шират заразните болести, и дека тоа меѓу другото може да се должи и на бакнувањето. Ова извадило од памет извесна Имоген Рехтин, која започнала кампања за забрана на бакнежите кои се разменувале како знак на пријателство, особено меѓу жените, но дури и на оние споделени во интимноста на спалната соба.

Уметноста на активното слушање

Слушањето го третираме како автоматски процес за којшто и нема што посебно да се мудрува, како да спаѓа во истата категорија како варењето на храната или трепкањето. Но ако малку му посветиме внимание, тоа може да ни отвори перспективи кои можат да се добијат само ако навистина се обврне внимание на она што го зборуваат другите.

Што ако најдобрите книжевни дела на светот никогаш не стигнале до нас?

Само дел од приказните во светот имаат преживеано. Најнови проценки покажуваат дека дури 90% од средовековните ракописи исчезнале во катастрофи или биле рециклирани. Што е она што можеби го пропуштаме и како тоа би можело да влијае врз нашите судови за тоа што е „квалитетна“ литература?

„Разоткриена убавина“ - првото голо селфи во модерната уметност?

На сликата, која за жал не можеме да ја ставиме на насловна затоа што веднаш ќе биде банирана од фејсбук, се гледаат прекрасни женски гради, прозрачни, како да се од слонова коска. Тоа се всушност градите на американска сликарка, чија визуелизација била направена за политичар кој најверојатно ѝ бил љубовник.

„Живиот весник“: претстави направени според актуелни вести

1930-тите, Америка, Големата депресија. Слично како и за време на нашата пандемија, културните институции се затворале, а театарските работници останувале на улица. Владата настапила со првата државно спонзорирана уметничка програма, која вклучувала претстави базирани на секојдневните вести.

Авторка на есеј „Како да го убиеш својот сопруг“ виновна за - убиство на сопругот

Порота од Портланд, Орегон, ја осуди авторка на самоиздадени љубовни романи, која претходно има напишано онлајн есеј под наслов „Како да си го убиеш мажот“, затоа што го усмртила својот маж со пиштол. Тој текст поротата не смеела да го земе предвид при донесувањето на одлуката затоа што тој бил стар неколку години, но неговата деталност не можела да остане незабележана.

Кои се можните победници на Кан 2022?

Овогодинешниот Кански филмски фестивал започна на 17-ти мај, со онлајн обраќање во живо на претседателот на Украина Зеленски, а ќе трае до 28-ми. Прво асално издание по откажувањето во 2020 и „хибридноста“ на 2021, тоа содржи нови дела на познати автори, но и дебитанти кои ветуваат. Жирито ги вклучува индијската актерка Дипика Падуконе, иранскиот режисер Асгар Фаради и британската актерка и режисерка Ребека Хол, а е предводено од францускиот актер Винсент Линдон.

Серџу Челибидаке или најконтроверзниот диригент во историјата

Генијалец, визионер или лудак? Признавал само концертно изведена музика, а плочите ги нарекувал „палачинки што пеат“. Светот на класиката му го признава огромниот талент на романскиот диригент, чија биографија наскоро ќе биде филмувана со Џон Малкович во главната улога.

Делфините си ги препознаваат другарите по вкусот на - урината

По она што го знаеме (а не дека знаеме), интелектуалниот капацитет на делфините е многу над повеќето други животински видови. Најновата информација за тоа како тие си ги одделуваат туѓинците од блиските само навидум го оспорува ова тврдење.

Дали Кирил и Методиј и нивните ученици страдале од карпал тунел?

Низ историјата луѓето запишувале нешта на различни материјали и со користење на куп алатки, од наострени камења до пердуви од животни и мастилави пенкала. Но нештата се забрзале кога индустријализацијата веќе немала време за чекање некој да се тегне за со убав ракопис да препишува или да фаќа белешки, па да почнува од почеток само поради една гершка.

Moтивацискиот тренер кој ги убедувал своите жртви да лежат во ковчези и да си го јадат изметот

Почнал со пирамидален бизнис со козметика, за потоа да се префрли на нешто многу повносно - мотивациски семинари на кои, најблаго речено, се случувале многу необични нешта. Го тужеле, го суделе, но тој не го дочекал исходот.

„Чудото без екстремитети“ - сликарката без раце и нозе од 19 век

Сара Бифин била родена со хендикеп. Како возрасна била висока само 93 сантиметри и немала екстремитети. Ја изложувале како атракција, но таа успеала да покаже дека е талентирана сликарка а не само „чудо на природата“.

Професија: ловец на стаорци

Денес се викаат фирми за дератизација и својата работа ја вршат со мала но сигурна дистанца од штетниците. Во минатото тие буквално се среќавале лице в лице. За некои од нив постојат записи, цртежи за тоа како изгледале, но и анегдоти според кои наместо да ловат стаорци, ги одгледувале за да ги има повеќе.

Традицијата Јапонките да зборуваат со тенок глас

„Сладок како сируп, висок како свирка за ловечко куче. Да е уште повисок би можел да скрши стакло“. Ова е опис на глас на Јапонка која ја има усовршено вештината на зборување над природниот опсег на нејзиниот глас, практично „цивкајќи“. Ваквата традиција опаѓа, но се уште постои во јапонската традиција и популарна култура.