Франција издаде миризлива поштенска марка во чест на багетот

Со вредност од едно евро и 96 центи, марката на Француската пошта на која е претставен еден од симболите на оваа земја, може да се изгребе и да се помириса. Ако навистина добро го направиле, мирисот е сигурно на свежо печено, таков што можеш да го слушнеш дури и крцкањето на кората.

Француските пошти произведоа и пуштија во промет речиси 600.000 поштенски марки од видот „изгреби и помирисај“, за да се промовира и прослави вештината на изработка на славните багети.

Со вредност од евро и 96 центи, марката се најде во продажба во петокот, 17.05., ден по прославата на Сент Оноре, светецот-заштитник на пекарите и слаткарите. На неа има долгнавест леб украсен со црвена, бела и сина лента - боите на Франција. 

Мастилото со кое се печатени марките содржи микрокапсули кои содржат мирис. Печатарите обично се воздржуваат од работа со него, бидејќи мастилото треба да се нанесе без да се оштетат капсулите, за мирисот потоа да биде генериран од самиот купувач, со гребење на марката. 

Францускиот багет беше прогласен за наследство на УНЕСКО во 2022, за што претходно пишувавме тука.  
 

20 мај 2024 - 10:42