Bookbox

Мистериозното исчезнување на човекот кој во 19 век го обиколил светот на точак

Во 1892 Франк Ленц започнал велосипедска тура која требало да го однесе од САД преку Азија до Европа и назад. Но по неколку месеци го снемало. Што се случило?

„Мрачни голови“: кога фудбалот се користи за политички цели

Нова книга (ноември 2022) на Лусинао Вернике претставува детална анализа на најекстремните случаи на политичка злоупотреба на фудбалот. Почнувајќи од првото Светско првенство во Уругвај, авторот нè запознава со цела лепеза озлогласени личности кои сметале дека токму фудбалот ќе им помогне во одржувањето на моќта.

Измамниците кои тврделе дека во време на голема суша можат да предизвикаат дожд

Во сите култури во светот кои зависат од земјоделие, а се лоцирани во сушни области, постојат обреди за повикување дожд (кај нас познати под името „додоле“). Ова верување во моќта човекот да ги смилостиви (нат)природните сили, преку наука или магија, го користеле поединци за сопствен дожд од пари.

Одморот како облик на отпор

Не мора да излегувате на протести и да мавтате со пароли и бајраци. Не мора да извикувате пароли или да пишувате остри критики на социјалните мрежи. Отпорот може да се состои и само во тоа дека ќе здивнете. И тоа не само за викенд.

Јолабокафлод или божикната поплава од книги во Исланд

Библиофилите од целиот свет знаат за исландската „божикна книжевна поплава“ во која издавачите темпираат нови книги за време на божикните и новогодишните празници. Легендата вели дека секој граѓанин на оваа оддалечена но ултра-читачка нација тогаш подарува и добива книги. Нивната љубов кон читањето има и своја предисторија.

Уринирајте со елеганција: нова изложба на пресмешни преводи

Рачно испишано предупредување во пиљара да не се „дупчат праските“. Фино отпечатен знак над писоар кој повикува да се „уринира со прецизност и елеганција“. Ова се примери на превод од јапонски на англиски на пораки испишани во јавен простор, кои до сега беа предмет на сеир на остатокот од светот. Но и Јапонците знаат како да вратат.

Следен чекор во гемјингот - аудио драма?

World of Warcraft, Uncharted или новиот филм за Супер Марио - стана вообичаено ликови и заплети од игрици да се прелеваат во светот на филмот. Но сега Би-би-си Радио 4 сака истото да го направи во сферата на аудио раскажувањето.

„Опенхајмер“: како Кристофер Нолан снимил нуклеарна експлозија без компјутерски финти

Режисерот крена во воздух Боинг 747 за неговo претходно дело, „Тенет“. Сега, за потребите на биографскиот филм за еден од пионерите на нуклеарното вооружување, на екранот ќе прикаже експлозија на атомска бомба која нема да биде компјутерски генерирана.

Сендвичите со шунка што издржале 10 месеци под вода

Како е можно парчиња леб со нешто помеѓу да траат речиси цела година под вода? Одговорот на ова прашање е поврзан со тоа како јаглеродот се движи во длабоките води, а има импликации по борбата против климатски промени. 

Дебата во која победникот си го спасува животот

Се вика „Чамец за спасување“ и е годишен настан организиран од Филозофскиот клуб при Универзитетот Монтевало во Алабама. Интересен мисловен експеримент кој низ годините покажува каков е ставот барем на студентите и вработените околу тоа кои животни вештини и знаења се најпотребни во кризни времиња.

Замина Анџело Бадаламенти чија музика за „Твин пикс“ нè вадеше од памет

На 85 години почина композиторот кој беше најпознат по своите соработки со Дејвид Линч. Но дури сега, преку неговиот некролог, многумина ќе дознаат и за други славни личности со кои работел.

Мадам Вокер: првата жена која самата заработила милион долари

Била ќерка на некогашни робови, а своето богатство го направила благодарејќи на домашно подготвен производ за нега на косата наменет за Афро-Американки.

Оживување органи и фотки од почетокот на времето: научни достигнувања на 2022

Годината која изминува донесе напредок на повеќе полиња, покривајќи ги сите животни периоди, од раѓање до смрт, и секоја компонента, од клетките до ѕвездите. Тие вклучуваат супстанца која ги обновува органите на мртви животни; ембрион создаден без сперма или јајце-клетка; телескоп со кој може да се видат првите моменти на универзумот и вештачка интелигенција која создава висока уметност.

Ако сакате разумен и информиран соговорник, пробајте со најновиот четбот

Најновото во синџирот на еволуцијата на вештачка интелигенција доаѓа во форма на „нешто“ со кое можете да разговарате како со човек. И уште повеќе - како со прилично артикулиран и разбран човек, со кого е мерак да се прави муабет.

Доделена пародичната уметничка награда „Трупка“ 2022

Турнип прајз е британска награда - сатира на престижната Тарнер прајз која ја доделува галеријата Тејт. Во 1999, кога Тарнер оди кај Трејси Амен за обичен ненаместен кревет, друштво од хотел и ресторан во Сомерсет одлучува да воспостави награда на уметност која е намерно глупа, односно која отсликува „краен недостаток на напор“. Оваа година награденото дело е асоцијација на двајцата новинари кои влегоа преку ред да ѝ оддадат почит на починатата кралица Елизабета Втора.

„Чудо“: нов филм за девојките кои тврделе дека се хранат само од верата

Во нов филм на Нетфликс, „Чудото“ (The Wonder), англиска болничарка пристигнува во село во Ирска за да помине две недели со 11-годишно девојче кое тврди дека живее само на „мана од небесата“ и нема јадено четири месеци. Ваквите случаи во 19 биле чести, на восхит на јавноста и загриженост на медицинската фела.

Алберт Ками: „Она што го знам за моралот и одговорноста му го должам на фудбалот“

Во студентските денови Ками бил голман на јуниорскиот тим на алжирски спортски клуб кој обединувал повеќе дисциплини. Запишаните сведоштва од тоа време велат дека писателот бил прилично добар, иако не и сјаен играч. Сепак, секоја година британското здружение „Филозофски фудбал“ (формирано според славниот скеч на Монти Пајтон) продава над 5000 дресови со една негова славна изрека поврзана со фудбалот.

Колку и да си славен може да ти се случи никој да не ти дојде на промоција

„Само двајца дојдоа на моето вчерашно потпишување книги. Искрено, помалку се засрамив и се вознемирив“, напиша една млада писателка на Твитер. Неколку нејзини постари и поискусни колеги споделија слични искуства и, се надеваме, ја утешија. 

Хорхе Луис Борхес: „Фудбалот е популарен, ама исто и глупоста“

Аргентина, како и голем број други земји е луда по фудбалот, но истовремено и длабоко социјално поделена. Насилството е рутински дел од натпреварите, нешто што Борхес, самиот Аргентинец, го нарекол „ужасна идеја на супермацијата“. Нему му било тешко да ја оддели навивачката култура од самата игра, па еднаш изјавил - секако на ужас на неговите сограѓани - дека фудбалот и глупоста се исти, затоа што обете се популарни.

Пораки од длабокото

Не е никаква метафизика, туку станува збор за вистински поштенски сандачиња поставени на дното на морето во залив во Јапонија. Зошто? За да се помачиш да пратиш неколку рачно напишани редови на оние кои нешто ти значат, со малку повеќе напор од еден „клик“.

„Вива Магента“ е бојата на 2023 според Пантон

Нам ни се бендисува затоа што одлично оди со сива или црна. Официјално се вика Пантон 18-750 и според компанијата е боја која ќе ја обележи 2023-тата година.

„Гончаров“ - најдобриот филм на Скорсезе, кој никогаш не постоел

Сите филмови кои некогаш биле снимени за мафијата се ништовни во споредба со оној на Скорсезе од 1973. Тој дефинирал цел жанр. Инспирирал цели генерации автори. Исто така - никогаш не постоел.

Хемичарката заслужна за пионерски третман на лепра чие откритие било украдено

Кога некој конечно ќе го добие заслуженото признание, чувството е позитивно поради тоа што правдата е задоволена, но истовремено останува горчина поради долгото време кое било потребно тоа да се случи. Ова е особено така во приказната на младата хемичарка Алис Бол, чие откритие на ефикасен метод за третман на лепра било преземено од колега кој си го нарекол по себе.

Еротиката на креативните соработки: кога Стравински го сретна Оден

„Животот на развратникот“, единствената целосна опера на Стравински, била премиерно изведена во 1951 на Венецијанското биенале. На ова му претходело долга соработка помеѓу него и британско-американскиот поет Оден. Нив неколку години претходно ги запознал - Олдос Хаксли.