Ако имате проблем да направите муабет со непознат или ако тешко се прилагодувате во друштво можеби сте „џингфен“ (精芬), што е кинески за „духовно Финец“.
Ова е новосоздаден кинески термин кој означува начин на однесување кој станува сè почест помеѓу тамошната младина. „Џингфен“ е инспириран од минималистички стрип под наслов „Фински кошмари“, во кој главниот лик е Мати, кој повеќе сака минимален контакт со околината и одбегнува дружења. Неговата креаторка, Каролина Корхонен, го опишува како „стереотипен Финец кој сака мир, тишина и личен простор. Maти се обидува да се однесува со другите како што сака да се однесуваат со него - да биде учтив и да не ги заморува со непотребно дрдорење“.
Ваков тип на личност изгледа е лесно препознатлив во преполните кинески градови каде приватноста и просторот се ограничени. Според Чен Си, 26-годишна жителка на источно-кинеската провинција Анхуи, која поминала три години на студии во Финска, се идентификува како „џингфен“. Таа е убедена дека има многу случаи како неа во Кина денес, во споредба со генерацијата на нејзините родители, на кои им е едноставно убаво да живеат сами.
И стрипот, но и самата Финска, се супер-популарни на кинеските социјалните медиуми. Корисник на микроблог платформата Вебио постирал фотографија од парк во Финска (види горе) со поединечни седишта а не клупи кои дополнително се свртени во различен правец, за да не мора човек да прави муабет. Да сме ние би ги искорнале за да може да седнеме сите на куп.