Кога Њутн си направил список од 57 свои гревови

Сер Исак Њутн, еден од најзначајните и највлијателни научници во историјата, ги открил законите на движење и универзалната сила на гравитацијата. Елегантните равенки станале инспирација за просветителството, расчистување со црковните догми кои во својот центар го ставаат Бог. Па сепак, Њутн сметал дека до својата 20-та година имал сторено повеќе десетина гревови.

Во 1936, документ на Њутн датиран околу 1662 бил продаден на аукција на Сотби и завршил во Музејот Фицвилијам во Кембриџ, Англија. Таканаречениот Фицвилијамовски ракопис (имено, спомнатиот документ) e извор на фасцинација за истражувачите на Њутн, бидејќи содржи и загатки кои се уште не се разрешени. 

Но она што го прави документот навистина интересен е колку е интимен. Њутн во него вметнува и список на гревови кои ги има извршено во текот на својот релативно краток живот - имал околу 20 кога го составил и се уште студирал на Кембриџ. Списокот е поделен на два дела, седум недели пред Велигден 1662 и по ова (зошто токму ваква поделба, не е сосема јасно).

Некои од гревовите се прилично необични и повеќе кажуваат за самиот Исак и неговото сфаќање на тоа што е погрешна постапка отколку што асоцира на некаква религиска доктрина. Помеѓу 57-те ставки се и:

- Отворено користење на зборот „Бог“

- Правење стапица за глувци на Неговиот ден (веројатно се мисли на денот недела)

- Јадење јаболко во црква

- Крадење цреши од (некој) Едвард Сторер

- Одрекување дека го сторил тоа

- Удирање на сестра му

- Крадење сливи и шеќер од кутијата на мајка му

- Неживеење според сопственото убедување

- Алчност

- Користење нечија туѓа крпа за да остане чиста неговата

Навистина изгледа дека Њутн бил престрог кон себе. Еве од нас нека му е простено. 

26 ноември 2024 - 18:09