Bookbox

Славниот виенски професор што беше убиен од свој студент

На 22 јуни 1936, додека професорот Мориц Шлик се симнувал по скали на Универзитетот во Виена за да оди на предавање, бил начекан од поранешен студент, Јохан Нелбек, кој го убил со пиштол. Извештајот од кривичниот суд регистрирал дека доктор Шлик бил погоден со 4 куршуми и подлегнал на повредите на самото место. Со тоа згаснал животот на човекот кој од 1924-тата па до тој момент го водел славниот Виенски кружок на мислители кои ја промениле филозофијата на 20 век. 

Супермен, Фродо, Војна на ѕвездите: неверојатниот живот на Киран Шах, најнискиот статист на светот

Британскиот актер тврди дека се појавил во повеќе блокбастери отколку кој и да е друг на Земјата. Гинисовата книга на рекорди го води како најнискиот статист на светот, а освен што е актер тој е и поет. 

Како изгледала емисија од областа на културата на Македонска телевизија во 1983?

Што се 40 години во однос на вечноста? Според ова видео, многу се. Затоа што денес ваква емисија, макар и скромна по своите технички елементи - нема. Затоа што ретко или воопшто не може да се случи да се одвои телевизиско време за актер што чита извадок од роман. А уште помалку за на целосно црн екран да оди француска шансона направена по стихови на Превер. 

Контроверзна претстава што ќе се игра прв пат по 350 години

Од 1671, кога прв пат била играна, претставата „Заљубениот принц или љубопитниот сопруг“ не се играла поради контроверзните теми со кои си поигрувала нејзината авторка - првата Англичанка која заработувала од пишување драми и поезија.

„Битлџус Битлџус“ на Тим Бартон ќе го отвори Венецијанскиот филмски фестивал

Долго очекуваното продолжение на хитот на режисерот од 1988 ќе ја има својата премиера на престижниот фестивал во август. Од старата постава во него игра само Мајкл Китон.

Дали би каснале чорба од 50.000 години стар бизон?

Кога животот ти дава замрзнат бизон, организирај вечера за пријателите. Ова била логиката на палеонтолог кој открил целосно сочувано тело од ова животно, кое притоа си добило и прекар.

Доблеста да знаеш кога да се повлечеш

По катастрофалниот настап на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, на дебатата со Трамп од 27 јуни, почна да отчукува часот пред тој да биде повлечен од кампањата или да сфати дека е време самиот да се прогласи за „поранешен“. Некои од неговите колеги - претседатели и функционери се имаат соочено со истиот предизвик, но реагирале различно.

Роботите научија да се смешкаат

Истражувачи од Универзитетот во Токио објавија снимка од нешто што изгледа истовремено и морничаво, и некако слатко. Роботско лице што се смее, со помош на механички „поттикнувачи“ сместени под флексибилен слој од жива кожа. Е сега, дали ни се смешка или ни се потсмева?

Марина Абрамовиќ цели седум минути го замолкна Глестонбери

Ако нешто нема на музички фестивали, тоа е тишина. Но ова се смени вчера (петок) вечер, кога помеѓу два настапа се случи „јавна интервенција“, чија цел беше повикување на мир.

Ехоизам: обратната страна на нарцисоидноста

Нарцисоидноста е опсесија - сакаме да знаеме како да ја препознаеме, дали шефот ни е „нарцис“, дури и домашните миленици. Но многу помалку се зборува за една поинаква а исто така загрижувака појава, поларниот опозит на нарцисоидноста.

Црниот од Пелопонез: еден од највлијателните грчки рапери е од - Гана

Запознајте го „Црниот Морис“ или, во оригинал на грчки, Негрос ту Мориа или „Црниот од Морија“ (средовековно име на Пелопонез). Се претставува како „археолог на мисија да ги откопа и повторно да ги склопи афро-азијатските фрагменти на глобалните конфигурации“ и како иден добитник на Греми за албум од неанглиско говорно подрачје.

Малком Гладвел објавува продолжение на бестселерот „Точка на пресврт“

Kaнадскиот новинар, автор и подкастер, кој од 1996 пишува за Њујоркер до сега има објавено седум книги. Првата, од 2000-тата, „Точка на пресврт“, ја означи серијата бестселери. Сега, 24 години подоцна, Гладвел ќе објави и нејзино продолжение.

Мистериозната тинејџерка - муза на Пабло Пикасо

Неколку пролетни месеци во 1954, меланхоличниот сликар бил маѓепсан од 19-годишна девојка по име Силвет. Од сите жени кои го обележале неговиот живот - а ги имало многу - таа е најенигматичната и најмалку разбраната.

Бандитот од телефонските говорници кој стана милионер

Без оглед на развојот на технологијата и на системот кој превенира злоупотреби, секогаш ќе се најде генијален ум кој ќе го „хакира“, или за милијарди или за ситно. Ама со доволно трпение, и оние вторите можат да се збогатат.

Телхармониум: претходникот на модерниот синтисајзер чии звуци се пренесувале преку телефон

Како и биолошката еволуција, и историјата на музичките инструменти е полна со аномалии и заборавени предци. Една таква опскурност е телхаонимумот, патентиран во 1897.

Тајниот код на лепењето поштенски марки

Денес ни е тешко да замислиме какво техничко чудо била доставата на писма за некој кој живеел во средината на 19 век. Трошоците биле поврзани со километражата на секое поединечно писмо (нешто како плаќање за такси), но плаќал примачот, а не испраќачот. Сепак, сето ова се исплатело бидејќи освен конкретното писмо или картичка, со нив можела да пристигне и важна кодирана порака. 

„Книга за Петре“: чествувачка антологија раскази по повод 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

Oваа тематска збирка раскази не е од ,туку за еден од нашите најзначајни и најдаровити автори од втората половина на 20 и почетокот на 21 век. Таа на едно место спојува автори од повеќе генерации, чии различни „ракописи“ орбитираат околу големото дело на Андреевски. Како најава за промоцијата која ќе се одржи утре (25.06.) во 12 часот во МАНУ, со дозвола на приредувачката го пренесуваме нејзиниот предговор, кој ги отсликува сите лица на овие раскази. 

Во Фудбалскиот музеј во Дортмунд: најважната игра и уметноста

Во нова поставка, визуелните уметности и фудбалот формираат фин пар. Под наслов „Во движење - уметност и фудбал“, Музејот на фудбалот во Дортмунд организира „пријателски натпревар“ помеѓу овие две значајни области од човечкиот живот. 

Зошто тениските топчиња од бели станале жолти?

Не ни беше познато дека всушност до скоро, тениските точиња биле бели (Вимблдон користел такви до 1985). За промената кон жолто има многу добра причина, а неа ја забележал и сугерирал решение никој друг туку Дејвид Атенборо.

Како Карл Јунг го инспирирал создавањето на Анонимни алкохоличари (АА)

Меѓународното друштво за меѓусебна помош во борбата против алкохолизмот, познатото АА, има над 2 милиони членови низ светот. Тоа се обидува да им помогне на своите членови да останат трезни. И покрај тоа што студиите за неговите реални ефекти се оспорувани, АА има значаен ефект на културата на САД. Еден помалку познат аспект е влијанието на славниот швајцарски психијатар врз неговите принципи.

Зошто депресијата понекогаш се нарекува „црно куче“?

Од римскиот поет Хорациј до премиерот Черчил, многумина ја имаат користено фразата - но како таа станала метафора за депресија?

Победил на натпревар за фотографија генерирана со ВИ со реална - потоа го дисквалификувале

До сега главно се зборуваше за збунката кога нешто направено од ВИ делува реално. А што ако веќе сме западнале во таква когнитивна дисонанца што и реалното ни е ко вештачко? Откако црвот на сомнежот во разликата еднаш ќе влезе во умот, тешко е да се врати довербата во неговата моќ да разликува.

Koга Јапонците прв пат виделе бел човек мислеле дека е страшило

Денес во Јапонија можат да се купат „пан“, „табако“ и „темпура“. Овие производи - леб, цигари и поховани морски плодови или зеленчук се вообичаени за оваа земја. Но коренот на зборовите им е португалски - земја од која дошле првите патници во Земјата на изгрејсонцето.

Дали може да наследиш спомени од предците?

Вообичаено се зборува за „наследена траума“ во контекст на личните или колективните мемории, на поединци, семејствa или на целата заедница. Но епигентиката, проучувањето на генетските модификации кои влијаат врз активноста на организмот без да ја променат неговата ДНК, сугерира дека како што може да се наследат стравови, така тоа може да се направи и со довербата и сочувството.