Bookbox

74-годишниот пиљар кој за 25 центи ја продал бананата која на аукција постигна цена од 6.2 милиони долари

Човекот дели соба во подрум во Бронкс и работи по 12 часа на смени. Иaко е доста возрасен, веројатно не очекувал дека во животот ќе му се случи вакво нешто - да продаде банана за 25 центи, а потоа да слушне дека истата таа била продадена за - 25 милиони пати повеќе! Можеби па е до селотејпот?

Најтрагичните шопинг стампеда во историјата

Ако сте како нас да полните кошничка онлајн чекајќи „црн петок“, а во меѓувреме да ја празните затоа што сте се премислиле и на крај да ви остане едно нешто, а и тоа баш не мора, тогаш тешко дека ќе заглавите во редиците пред каса кои веќе почнуваат да се формираат. Ама има и поупорни.

Книги на 2024: Како фрижидерите ја променија нашата храна, планетата и нас самите

Помеѓу списоците кои излегуваат деновиве за „нај“ книги на годината што полека изминува, се наоѓа една која ја истражува праксата на вештачко ладење и замрзнување на храната, што извршило исто толку голема револуција во нашите навики и начин на живот колку и парната машина. 

Кога Њутн си направил список од 57 свои гревови

Сер Исак Њутн, еден од најзначајните и највлијателни научници во историјата, ги открил законите на движење и универзалната сила на гравитацијата. Елегантните равенки станале инспирација за просветителството, расчистување со црковните догми кои во својот центар го ставаат Бог. Па сепак, Њутн сметал дека до својата 20-та година имал сторено повеќе десетина гревови.

„Покемон шок“: кога 685 деца завршиле во болница поради цртан филм

На 16 декември 1997 цртаниот филм Покемон се најде на светските насловни страници поради инцидент во кој децата што ја гледале тогаш емитуваната епизода добиле епилептични напади и слепило. 

Дали и вие буквата „р“ ја замислувате како цик-цак, а „л“ како рамна линија?

Говорители на 28 различни јазици ги поврзувале токму на овој начин звуците и облиците на овие букви во 88% од случаите, што е најсилниот аргумент за тн. звучен симболизам до сега. 

„Гладијатрикс“ - во древниот Рим имало и жени-гладијатори

Додека го очекуваме вториот дел од „Гладијатор“ со Пол Мескал, чија премиера се случи неодамна во Лондон, да видиме што се знае за жените кои ја играле истата улога, но за кои барем засега не е снимен филм. 

Дали сте неприлагодени или само „во душа Финци“?

Резервираните интроверти ги викаме чудни, срамежливи, „затворени“, гикови. Е, ама во Кина, благодарение на еден стрип, од скоро ги викаат - Финци.

Како мачката да стекне хигиенски навики - прирачник од џезерот Чарлс Мингус

Американскиот виртуозен контрабасист, композитор и пијанист, бил познат по својот избувлив темперамент. Некој мрчатор еднаш толку го изнервирал што без размислување од него го треснал својот бас од 20.000 долари. Друг пат, кога пијанистот што го придружувал постојано грешел, Мингус СО ГОЛИ РАЦЕ ги истргнал жиците од пијаното. Е, ама кога биле во прашање мачки, човекот имал зен трпение.

„Манифестирање“ е збор на 2024 според речникот на Кембриџ

Кога славни личности и „инфлуенсери“ тврдат дека постигнале нешто затоа што го манифестирале, тие користат глагол во тазе значење на користење специфични практики за фокусирање на умот на нешто што го сакаш, за тоа да стане реалност. Манифестирате?

Кога грешката не е грешка

Забораваме каде сме паркирале. Ги губиме клучевите. Им се обраќаме на луѓе со погрешно име. „Да се греши е човечки“, напишал поетот Александар Поуп. Да, ама не е САМО човечки.

Момчето што го сфати значењето на зборовите

Вчера, 19 ноември, беше соопштено дека на 92-годишна возраст починал Шунтаро Таникава. Тој е еден од најпознатите повоени јапонски поети, а неговото дебитантско дело од 1952 било насловено „Две милијарди светлосни години самотија“ (Маркес може вода да му носи). И покрај генералното непријателство на Јапонија кон американската култура во тоа време, тој го преведувал стрипот со Снупи и внесувал американизми во своите дела. Како на пример - лименка кока-кола.

Потеклото на #rip

Акронимот кој најчесто означува дека починала позната личност (или можеби нечија батерија) е rest in peace или почивај во мир. Но она што најчесто го читаме и толкуваме на англиски е всушност латинска кратенка.

Пред премиерата на „12“ во МНТ - интересни факти за текстот и филмовите

Многу е веројатно да сте гледале некоја од верзиите на екранизацијата на текстот на Реџиналд Роуз, за 12-мина поротници и нивните дискусии за тоа дали постои основано сомневање за она за што се товари осомничениот. Една човечка судбина е во нивните раце. Текстот што се занимава со универзалната тема на „психологијата на толпата“ и моќта на поединецот да направи разлика е поврзан со интересни факти. 

Што е тоа „аха!“ искуство?

Се нарекува уште и момент на „Еурека“ и се однесува на ненадеен увид во претходно неразбирлив проблем или концепт. Со него најчесто се поврзува работата на германскиот психолог и лингвист Карл Булер, но и на целата школа на гешталт психологија.

Кратенките во пораки сигнализираат неискреност?

Понекогаш кратењето зборови во пораки се прави од практични причини. Но ако се претвори во манир, психолозите-автори на нова студија велат дека се перцепира како вложување помал напор во комуникацијата. А ако е со сила, тогаш е неискрено.

Како Серџо Леоне ги режирал славните „шпагети вестерни“ без да знае збор англиски

На 17 декември, на 60-годишнината од премиерата на „За грст долари“, ќе излезе нова биографска книга за Серџо Леоне. Во неа се содржани фотографии на кои јасно се гледа како славниот режисер со мимики му објаснува на Клинт Иствуд што треба да изглуми. 

Како „мисионерската позиција“ го добила своето име?

Зошто нешто што многумина би го нарекле најкласичната или најконзервативната од сите сексуални позиции е именувано според мисионери? Да ѕирнеме под чаршафите. 

Првиот виртуелен состанок се одржал во 1916

Од мал број добри последици од пандемијата остана и праксата за среќавање на групи луѓе онлајн. Ваквите состаноци се вообичаено поефикасни, плус не се малтретираш да соблекуваш долен дел пижама. Но првата ваква средба всушност се случила многу порано од 2000-тите. 

Внимавајте на што се обложувате, да не завршите 10 години со шлем на глава

Приказната има повеќе верзии, ама да почнеме од оваа. Човек во долгови наслушнува муабет во кој се проценува дали би било можно човек со витешки шлем, туркајќи количка за бебе, да го помине светот пеш. Доброволно се пријавил, за денешни 3 милиони долари. 

„Калории“ - колку тоа неморално звучи

Нова книга на американскиот историчар и социолог на наука, Стивен Шапин од Универзитетот Харвард се однесува на историјата на идеите за храната и како таа влијаела и се уште влијае врз нашите животи. Да се јаде здраво не е само одговорност кон нашето тело, туку и морален императив, кој од нас прави добри или помалку добри (дисциплинирани, одговорни) луѓе.

Најоптимистичното правило на светот - законот на Ифрам

Ако никогаш не сте слушнале за него, погледнете го малку подобро името. Ајде сега прочитајте го од назад кон напред. „Обратноста“ се рефлектира и во самата содржина.

Луѓето што ја спасија првата светска банка на семиња во светот по цена на своите животи

Во текот на опсадата на Ленинград од Втората светска војна, ботаничарите кои биле задолжени за скапоцената збирка на семиња ја штителе од оган, глодари и - од сопствената глад.

Како да не ви се расипува млекото? Во него ставете - жаба!

Пред да бидат измислени фрижидерите, луѓето се снаоѓале на разни креативни начини за храната да не се расипе. Но Русите ја имаат најинтересната финта кога е во прашање млеко.