Oперација Рокол: малиот остров освоен од Британија за „иле“ на СССР

Рокол е мало, неплодно парче карпа среде Атлантик, кое со децении предизвикува интерес кај владите, научниците и авантуристите. Изолираното островче – оддалечено околу 420 километри западно од надворешните Хебриди во Шкотска – станало дел од геополитички и економски спорови, како и симбол на британска моќ во времето на Студената војна.

Во 1955 година, Британија анектирала едно островче - буквално карпа среде море - по наредба на кралицата Елизабета II, која ѝ наложила на Кралската морнарица да го заземе во нејзино име. Воена операција со маринци, во придружба на научникот Џејмс Фишер, поставила знаме на Рокол, како што е името на островот, и официјално ја потврдила сопственоста. Фишер, пак, зел примероци од гранитот, кој подоцна се покажал уникатен и довел до откривање на нов минерал – базирит.

Првично, интересот бил стратешки. Kaко што Студената војна се интензивирала и подморниците на НАТО и советите постојано патролирале во северниот Атлантик, обезбедувањето на Рокол значело контролирање на важна морска површина. Освен тоа, во близина била првата локација воспоставена од Британија за нуклеарни ракети изработени од САД. Нато документи, декласифицирани во 1970, откриваат владини стравови дека „непријателски елементи“ би се инсталирале на Рокол за да ги следат шпионски резултатите од тестовите. Но, подоцна на преден план излегле економските интереси – богатите риболовни води и можните наоѓалишта на нафта. Иако Британија во 1972 година официјално го припоила Рокол кон Шкотска, Ирска, Исланд и Данска исто така почнале да тврдат право на околните води.

Со ратификацијата на Конвенцијата на ООН за морско право во 1982 година, статусот на Рокол бил значително намален – бидејќи како „ненаселена карпа“ не можел да биде основа за ексклузивни економски зони.

И покрај тоа, островчето продолжило да привлекува авантуристи и активисти. Бившиот војник Том Меклин во 1985 година поминал 40 дена таму за да покаже дека тој е погоден за на него да живеат луѓе. Во 1997 година активисти на Гринпис дури прогласиле „нова држава“ – Глобалната држава Вејвленд – за да протестираат против експлоатација на регионот. Подоцна, и други ентузијасти поставувале рекорди за престој на оваа изолирана карпа, иако обидите често завршувале со опасни ситуации и спасувачки мисии.

Денес, Рокол е симбол на екстремна изолација, „најосамената карпа во светот“, како што ја нарекол Фишер. Но исто така е и потсетник на тоа како дури и најмалите географски точки можат да предизвикаат големи политички и економски спорови.

20 септември 2025 - 16:00