Жените е поверојатно да сонуваат меѓучовечки спорови и расправии, додека кај мажите темите се војна, природни катастрофи и наезди на инсекти. Исто се разликуваат и во влажните соништа.
Во 2013-та американските власти ослободија рекорден број на луѓе кои биле осудени по грешка, од нив добар дел осудени и за кривични дела кои никогаш не се случиле.
Главната забелешка за Барби се ужасно нереалните стандарди за пропорциите на телото што им ги поставува на малите девојчиња. Според потпретседателката на Мател задолжена за дизајнот на Барби - тоа, ама никогаш не било поентата.
Искуството на лекарите од воените попришта вели дека на застрелан војник прво треба да му се одземе оружјето. Бидејќи сопирањето на крварењето толку боли што му доаѓа да се убие. Има нешто ново на таа тема.
Слично на повеќето луѓе на кои никако да им се погоди времето (те им е преладно те претопло) и науката се пишмани околу тоа од што настанал универзумот. Најновата теорија тврди дека на почетокот било ѕивра.
Контроверзите околу рускиот закон со кој се забранува промовирање на хомосексуалноста фрлаат дебела сенка врз Олимписките игри во Сочи. Дузина разумни политичари, меѓу кои и Барак Обама ја критикуваше земјата за анти геј регулативата. Едноставно, на луѓе не им се верува дека во 2014-та година, една модерна индустриска земја може да има ваков средновековен речник во своите закони:
До пред некоја година рекордерка беше Лејди Гага, потоа водството го презема Џастин Бибер за да го претрка Кејти Пери и да стане најследената жена на светот.
Маркс го утна носителот на класната револуција бидејќи работничката класа одамна не е тоа што беше. Но, можеби малку поинаков бауч сега кружи над нашите глави.
Во Америка треба да имаш богат татко што цело време ќе ти попушта, за да можеш да живееш како што живее просечен шведски работник, порачува кампањата за промоција на Шведска.
Ако си писмен, имаш пристап до интернет, можеш да си дозволиш да наполниш некаков вид на смартфон / таблет што е твој и имаш доволно време за читање, тогаш ти си доволно богат за да им помогнеш на сиромашните во светот.
Фондацијата на Мелинда и Бил Гејтс им понудила 40 милиони на сиромашките школи во Питсбург доколку изградат систем по кој наставниците ќе бидат одговорни за успехот на учениците. Наставничката федерација одговорила отприлика: Не, фала, вака ни е подобро.
Во 1830-та, швајцарски банкар го помага почетокот на новоформираната грчка нација, основана на странски кредит кој никогаш нема да може да го отплати. Човекот е Жан-Габриел Ејнард, првиот кредитор на Грција.
Не дека денеска ќе ни треба ама никогаш не се знае: имаме научно решение на дилемата што е попаметно да се прави ако во близина ни падне нуклеарна бомба: да се криеме одма кај стигнеме или да бараме саглам скривница.
Сиромаштијата не само што не е секогаш прашање на погрешни одлуки, лоши навики или немање амбиции (како кај Едо Маајка: Za beskućnika kažu, imo bi, da radi) туку баг во системот кој води во стапица од која скапо се излегува.
Пред една година во едно париско кафуле, 42-годишниот папарацо Себастијан Валиела во разговор со Ле Монд порачува: "ако некој успее да ги фотографира заедно Франсоа Оланд и Жули Гаје тоа ќе биде голема работа. Ама кој ќе се осмели да го објави тоа?" Една година подоцна тој е човекот што ја открива аферата.
На почеток од годината британското кралско семејство го објавува списокот на официјални подароците што лани ги добиле. Според списоков далеку повеќе се исплати да си спонзоруша, него принцеза.
Најк доби тужба од еден (сега веќе осуден) макро, затоа што на своите патики не ставиле предупредување дека повеќекратното шутирање луѓе со истите може да предизвика повреди.
Објаснувањето на учесничките на реалните шоуа на ЕмТиВи со трудни тинејџерки е дека тоа го прават за да покажат дека така не се почнува семејство. Излезе дека ова им успеало барем 20.000 пати.
Од американската инвазија на Авганистан, 1-ви јануари во земјата не се слави како почеток на годината туку како официјален роденден на илјадници Авганистанци кои не знаат кога се родени.