Мексико против родители што даваат глупи имиња

Во целата борба со нарко-картелите и масакрите што тие ги приредуваат на неделно ниво, властите во Северно Мексико фатија да се справуваат со една група на луѓе која сериозно може да ги разниша столбовите на општеството - тазе родители кои им даваат блесави имиња на бебињата.

Новиот закон важи за сојузната држава Сонора и тој им забранува на родителите да им даваат имиња на своите деца кои се "навредливи, погрдни, дискриминаторски или немаат никакво значење."

Со законот, до надлежните служби е испорачана листа со 61 вакво име. Целта на листата е да се заштитат децата од евентуалното насилство заради нивното име.

Мексико има традиција на давање сериозно глупи имиња, која во одредени случаи е предизвикана од тоа што самите родители немаат поим што значи името што го даваат. Пример, името Anivdelarev (што го има на листата), што е скратеница на шпански за "годишнина од револуцијата." Заради ова името често пати е отпечатено на календарите, па дел од родителите го имаат помешано со светецот поврзан со тој датум.

До сега немало вакви случаи, ама превентивно на листата се додадени Фејсбук и Твитер.

Меѓу забранетите имиња се:

- Burger King
- Robocop
- Terminator
- Hitler
- Harry Potter
- Lady Di
- Email
- Virgen (Девица)
- Escroto (Скротум)
- Hermione
- Batman
- Usnavy (US Navy)
- Micheline
- Transito (Сообраќај)
- Cesarea (Царски, како царски рез)

 

13 февруари 2014 - 18:26