Разно

За правото на феминизам со шминка и бричени мишки

Откако девојката одлучи да објави своја гола слика на Инстаграм, во знак на поддршка на едно голо селфи на Ким Кардашијан, со коментар "Што да се носи вечер?", под сликата и се случи наезда од напади, ругања и осудувања, и најчесто по основа на феминизам.

И мртви сме ѝ штетни на планетава

По сите математики и предвидувања, во следната деценија се очекува низ светот да умрат половина милијарда луѓе, "а не може да продолжиме да им ги набиваме ковчезите во Земјата."

Колку чини да се снима порно видео?

Како што "ова е единствената индустрија во која можеш да снимиш едно видео и да те нарекуваат ѕвезда, без разлика колку си добар/добра во тоа," така и хонорарите најмногу се базираат на работни задачи, а само во исклучителни случаи на слава и популарност.

Кога е ок да имаш офшор фирма?

Единствената причина за постоење и основање фантомска компанија е криење пари од некого. Во одредени случаи ова криење пари не мора да биде од крајно криминални побуди, иако така изгледа.

Палмира по безумноста на ИСИС

Во мај минатата година ИСИС го презема Палмира, градот во кој се наоѓаат неколку антички храмови и музеј преполн со статуи, споменици и останати бесценети артефакти. Уште од првиот ден почнаа да се шират извештаи за сето уништување што ИСИС во име на чистоверието го спроведува во Палмира. Минатата недела градот повторно е освоен од сириската армија.

Галилео Галилеј, човекот што не е гениј како што го мислите

Во 1609-та, Галилео е 45-годишен, генерално непознат професор по математика во северна Италија, кој е на добар пат кариерата да ја заврши како и мнозинството негови колеги од тоа време - комплетно непознат.

Околу преценетоста на кампањите за зголемување свесност

Како општо правило, зголемувањето свесност - во форма на трубење на остатокот од човештвото дека оваа или онаа работа е важна или потценета или опасна - е преценето. Општо е затоа што како што објаснува професорот по јавно здравје, Виктор Стречер, веќе "50 години знаеме дека само давање информација на луѓето не го менува нивното однесување."

Од фуфка, Франција ја напуштиле 10.000 милионери

Растечките тензии на верска основа во Европа повлекуваат еден поинаков бран бегалци. Не се многу, ама се со полни џебови. Таквата Европа главно решаваат да ја напуштат џенем, во Австралија.

Далеку од ЕУ, далеку од срце?

Пред светот да биде Брисел, светот беше Париз, а пред тоа беше Шарли Ебдо. Никој нема проблем со емпатијата околу овие настани, забелешката е како луѓе одлучуваат да ја ограничат својата емпатија на настани што се случуваат во ЕУ (и во САД).

Германија укинува "рок на траење"?

Бидејќи рок на траење не служи за ништо германскиот министер за земјоделство побара тргање на одредбата за испишување на препорачаниот животен век на прехранбените производи.

Жена од кариера

Сафја Јасин се до апсењето е сериозна пропагандна машина на ИСИС во САД, пред да биде со нив таа е една од најпознатите блогерки кои ја објавуваа вистината за тоа како "кемтреилс" ги трујат Американците, а кариерата ја започна како мајка од Мисури кој блогираше против вакцините и како тие предизвикуваат аутизам.

Кога животот не те остава да бидеш неонацист на раат

Стефан Јагш е германски политичар со сериозна наклонетост кон омраза мигранти, странци, не-белци, бегалци и сето она што составува здрав неонацистички карактер. Јагш, со сите свои натчовечки квалитети, прави сообраќајка. Животот му го спасуваат група сириски бегалци.

Кој е Салах Абдеслам?

Налик неколку апсења по Балканот, еден од најбараните луѓе во Европа, одговорен за нападите во Париз во кои беа убиени 130 луѓе, во петокот беше уапсен во Брисел, центарот на Европа.

Алибаба и милионите трговци

На десет дена пред истек на нивната фискална година, Алибаба објави дека достигнале продажба од 3 илјади милијарди јуани, или во наши пари 412 милијарди евра.

Грешката во "Тесла-топијата"

На крајот од месецот Тесла ќе го презентира Модел 3, автомобилот на струја од 30.000 долари. Буката околу автомобилот во рок од еден месец ги крена акциите на Тесла од 140 на 230 долари, "и со ова почнуваме нов круг на 'Тесла-топија'".

Еволуцијата немоќна против џанк фуд

Се што милиони години е впишувано во кодот на штрковите е разбиено од триесетина години изложеност на брза храна, па сега птициве одбиваат да ја прават редовната преселба на југ затоа што се навлечени на отпадоците од џанк фуд.

Уапсен виновникот за "Фапенинг"

Американските власти тврдат дека го имаат човекот што во 2014-та објави приватни фотографии од угол голи Џенифер Лоренс, Кејт Аптон и стотина други славни личности.

Мелдониумот се продава како алваниум

"Ако е добро за Шарапова, тогаш е добро и за мене," помисли рускиот колективен ум на кој "нешто не ми е арно" па продажбата на неодамна забранетиот лек за спортисти отиде во небо.

Средовечна криза, омилениот машки мит

Има добра и релативно добра вест, добрата е дека средовечната криза не е неизбежна, релативно добрата е дека токму овие години (околу 45) веројатно се најдобрите години на вашиот живот, каде најголемиот дел од луѓето го постигнуваат својот пик.

Топла вода, пијалакот што ја држи Кина

Во Пекинг моментално се случуваат годишните седници и собранија по цела можна хиерархија на Кинеската комунистичка партија, а со тоа и на државата. Клучно за сето ова да функционира? Шолја топла вода.

Брејвик ja тужи државата за кршење на човековите права

Норвешкиот масовен убиец поднесе тужба за повреда на неговите човечки права повикувајќи се на две клаузули од европската конвенција на таа тема. Толку му е лошо во затвор што не може ни факултет да заврши.

На прошетка низ Рака

Две Сиријки одлучуваат да го ризикуваат својот живот со намера на надворешниот свет да му пренесат дел од секојдневието во Рака, па под целата задолжителна женска облека монтираат камери и тргаат во патролирање на градот.

Изгубени во нечистотијата

Затоа што Париз го доживуваат доволно валкан за да им е срам да носат туристи од Јапонија, викендов јапонските туристички агенции се фатија со расчистување на улиците низ главниот град на Франција.

Шпионот против шпионите

Ако е некаква утеха за американското разузнавање дури и за најблиските соработници на Путин е сериозен проблем да предвидат што размислува нивниот шеф, објаснува претседателот на американскиот Национален совет за разузнавање.