Сосема издржано мислење и потврдено од хемичари кои ја изучуваат безбедноста на јавните хлорирани базени е дека - секој моча во базен. Исто е и со фактот дека кога ќе го помирисаш хлорот околу тебе, брзо забораваш на првото.
Американскиот претседател веќе ја има донесено одлуката за повлекување на земјата од договорот што минатата година го потпиша неговиот претходник, тврдат за Бибиси два извори од Белата куќа.
Градот преселник е Кируна, а селењето се прави на барање и финансирање од рударската компанија ЛКАБ која ќе плати за градот да се мрдне 3 километри кон исток.
После две и нешто години од фаталниот настан, од работа е набркан полицаецот кој пукаше и уби 12 годишно момче во Кливленд што своевремено доведе до гневни протести кај американските црнечки заедници. Но, веста не е самиот отказ туку причината за него.
Иако две години константно се изненадуваа од Трамп, по Г7 самитот на Сицилија, западните медиуми не можеа да се сопрат повторно да бидат изненадени од американскиот владетел. Овој пат, на германски, француски, дански, италијански и англиски јазик.
Деновиве почина Збигњев Бжежински, човекот кој со децении беше еден од навлијателните лица на американската политичка сцена. Основач е на магловитата Трилатерална комисија и архитект на проектот за вооружување на авганистанските бунтовници против Советскиот сојуз, никулец од кој подоцна ќе бидат создадени ќелиите на Ал Каеда кои на 11 септември 2001 ќе ги посетат САД во не баш пријателска но работна посета.
Ако не сме внимателни нашите училишта ќе ги претвориме во музеи на отворено во кои се учи на ист начин како пред 400 години, е стравот на професорката по образовна психологија на Хелсиншкиот универзитет, Кирсти Лонка.
За тие што ги следат овие работи знаат дека годинава се кренаа цените на експедициите до највисокиот врв на светот, со тоа што најдрастично поскапување имаше од кинеска страна, каде дозволата за тим од +4 членови порасна од 7.000 долари по планинар, на 9.950 долари. А тоа е само дозволата.
Црнец од Тенеси кој одлежал 31 година затвор за дело кое не го извршил, побарал државата да го обештети за грешката која му го потрошила животот. Добил 75 долари.
Наставниците од едно тексашко школо решиле маскирано во шала, на крај на годината да им кажат на учениците што мислат за нив. „Ученичка со најголеми шанси да стане терорист“ е една од поделените плакети. Мајката на наградената ќе експлодира од среќа.
Некаде сред претседателската кампањата во 2016, ФБИ добива "нешто кое е опишано како документ од руското разузнавање" во кој се тврди дека постои премолчано разбирање меѓу кампањата на Клинтон и министерството за правда околу тоа дали таа намерно открила доверливи информации преку нејзиното користење на приватниот меил.
Во посетата која ќе се памети по антологиската фотографија на нелагодност, Трамп и Папата по протокол разменија и неколку подароци, без разлика колку никој од нив него сакаше тоа.
Четвртина од оваа сума во 2016 се потрошени на баратели на азил чии документи се уште се обработуваат, а над една половина за борба со причините за присилна имиграција. Од 2015 во Германија влегуваат еден милион мигранти.
Намената на Свалбрад, глобалниот сеф за семиња сместен во далечните предели на Арктикот, е да послужи за не дај боже во случај на некое апокалиптично сценарио во кое е уништена комплетната глобална залиха на храна. Се наоѓа во планина, и направен е да издржи големи катастрофи "природни или човечки" и "да го издржи тестот на времето". Вчера сефот протече.
За првпат некој да седне, собере и измери кои се всушност најефикасните начини да се зачува планетава и да се сопрат погубните трендови на нејзиното загадување. Резултатите ќе ве изненадат.
Годинава на распоредот на кинескиот универзитет за дипломати ќе бидат додадени за учење 11 нови јазици, меѓу кои и тигриња, ндебеле и коморски, инаку локални јазици во некои од стратешките области на Африка.
Националниот парк не му дозволувал на еден од претставниците на креационизам на млада Земја (дека планетава е стара колку библијата) да собира карпи од кањонот бидејќи го мразел заради неговите верски убедувања.
Најнапредните ДНК анализи ги обесмислуваат оние реакции на континентот дека бегалскиот бран од Блискиот исток ќе ја извалка генетската мапа на Европа. Што се однесува до Балканците, поуката до нив гласи: ако сакате да сте верни на автентичната и повеќе милениуми долга традиција - мотиката в раце.
Меркел, Меј, Макрон и Џентилони немаат свои биолошки деца, забележува американски Вик, дополнувајќи дека ако ништо друго ова значи дека не може да се случи да го сместат своето потомство на политички позиции.
Единствена надеж да избега од сиромаштијата ѝ било да најде од скапоцениот минерал кој се криел во локалните рудници на Килиманџаро. Но, во рудниците не им бил дозволен влез на жени.
Ваквиот аристотеловски наслов доаѓа од една едноставна логика: да, Теслата оди на струја, но од што Македонија добива струја? Главно од јаглен. А има и други моменти.
Наместо истрага што тесно ќе се фокусира на криминално однесување, решението на прашањата околу Трамп и неговите соработници е составување на независна комисија, пишува уредникот на Атлантик, Дејвид Фрум.