Разно

Кога и фавелите се прескапи

Градските власти во обид да ги подобрат условите во фавелите, ненамерно го пореметија пазарот така што цените во фавелите на Рио растат. Автоматски, сиромашните во чие име се правеа подобрувањата, сега мора да се селат на бетер места.

Само масовна депортација може да ја спаси Америка

На тема имиграција, запишете го овој конзервативен колумнист како силно про-депортација. САД имаат премногу луѓе кои не работат доволно напорно, не веруваат во Господ, не придонесуваат многу кон општеството и не ја ценат големината на американскиот систем, пишува колумнистот на Њујорк тајмс Брет Стивенс.

Како популистите победуваат кога ќе изгубат

Се до мартовските избори во Холандија популистичкиот бран, или како што Фараж го нарече "цунами", изгледаше незапирлив. Сега, бранот одеднаш се повлече: по големата победа на Макрон на француските претседателски и парламентарни избори, ние наводно живееме во "пост-популистички момент", пишува професорот по политика на Принстон Универзитетот, Јан Вернер Милер.

Дали во сириската пустина следува битка меѓу иранските сили и американската војска?

Додека курдските сили од два правци јуришаат на Рака, престолнината на ИСИС, аналитичарите забележуваат дека на југот од земјата се отвора простор за најголемиот судир во досегашниот тек на војната во Сирија.

Џабе ви се сини шлемови

Реакцијата на Обединетите нации за време на војната и масакрите во Босна во 90-те беше усвојување резолуција за наметнување санкции на соседите на БиХ, кои ги предизвикаа овие страдања. Ова во ниту еден момент не доведе до наметнување мир.

Прави сине клик-фарма, за да не се мачиш како мене

Во Тајланд се уапсени тројца мажи, Кинези, за отворање и работење на клик-фарма со над 340.000 СИМ картички и 450 Ајфони.

Зошто порно сајтовите имаат копче за шерување?

Порано или подоцна ќе приметиш дека некаде во околина на порно содржината што само што си ја поминал некој решил дека треба да ги има оние копчињата за споделување на социјални медиуми. Ова останува и покрај тоа што ненамерното пуштање порно по социјалните мрежи секогаш се наведува меѓу најголемите стравови на порно корисниците.

Казандол во Мозамбик

И во Мозамбик се лакоми по злато. Решение им е поеколошко од она што се замислува на југот на Македонија, само што нивното удира на пер капита.

Како да се мразиме мирољубиво

Земји како Белгија, Швајцарија, Австрија и Холандија станаа пример на консензуална демократија само откако поделбите во нивните општества за време на кризите во 1950-те не доведоа до распаѓање на државите, туку до договор за делење на моќта преку креативно политичко разбирање.

ЕУ не планира да и даде тајм-аут на Британија

Додека е можно дека на Британија ќе и треба време за да ги пофати сите конци по изборите со кои Тереза Меј сама себе се изненади, сосема е сигурно дека ЕУ тоа нема да ја интересира во однос на крајниот рок.

Многу постари сме отколку што мислевме

Нововоткриени фосили од Хомо Сапиенс открива дека науката досега утнуваше и околу местото и околу времето на потеклото на човекот. Вторава утка е ни помалку ни повеќе туку 100.000 години.

Во Европа се случува "уберизација" на тероризмот

Две недели по Манчестер, во Британија се случува уште еден терористички напад и се случува по веќе виден рецепт: комбе се влетува во толпа пешаци, по што од него излегуваат терористи со оружје во рака кои гледаат да убијат што е можно повеќе луѓе пред да бидат застрелани од полицијата. Нападот покажува дека станува збор за аматери, а не за џихадисти кои се вратиле од фронтот во Ирак или Сирија.

Ветeрот ги спушти цените на струјата во минус

Масовната ветровитост неделава низ Европа го крена производството на електрична енергија од ветерни турбини на рекордно ниво, а тоа секогаш повлекува намалување на цените на струјата.

Ѕидот на Трамп стана соларен

Кој од сеир, кој од радозналост, кој од закоравено непознавање на природата на човек што решил да го напушти својот дом, сите го чекаат остварувањето на едно од главните предизборни ветувања на Трамп. И додека допрва треба да се фрли првата лопата на проектот, Трамп најави содржински апдејт на својот план.

Како Интерсепт ја издаде девојката што им го испрати извештајот на НСА

Неколку часа откако Интерсепт го објави доверливиот извештај на НСА за руското мешање во американските избори веќе имаше налог за апсење на изворот на документот. Грешката е и кај изворот и кај медиумот.

Редот е на Европа

Како говорник Меркел е позната по тоа што е лоша како ретко кој и дека може да ја заспие публиката со зборење. И ова беше така се до неодамнешниот предизборен настап во пивски шатор во една минхенска населба, каде зборувајќи со кригла пиво во рака ја размрда и јавноста и медиумите, пишува Јошка Фишер.

Подмладување со крв од тинејџери

Во Калифорнија е отворен стартап за бизнис кој планира да продава крв од млади луѓе на оние кои веруваат дека на тој начин можат да го сопрат стареењето. Клиенти: стари вампири.

Препишување, левел Кинези

Неделава над 9 милиони Кинези ќе полагаат приемен испит за факултет (гаокао), 2 милиони од нив нема да пројдат. Испитот отприлика ти го одредува остатокот од животот па луѓе се решаваат на препишување.

Швајцарците почнаа да ловат ЦО2

Клајмворкс е првата компанија на светот што комерцијално го отстранува јаглерод-двооксидот од воздухот и го претвора во нешто корисно. Оваа корисност моментално се одвива во близина на Цирих.

Русија и Украина ја спукаа на Твитер

Расправата меѓу официјалните Твитер сметки на Русија (@russia) и Украина (@ukraine) почна со една кралица од 11-от век, а заврши со Симпсонови. Или барем само застана таму.

Вистински книги во погрешни раце

Ако си во Пакистан, се сметаш за муслиман и живееш како што налага Коранот и везден читаш исламска литература, вака од страна се чини како фин сет-ап за да немаш проблем со властите. Не, ако властите те сметаат за „погрешен“ муслиман.  

Маск и Ајгер се повлекоа од претседателскиот совет на Трамп

Првите луѓе на Тесла и на Дизни одлучија да ги напуштат советничките позиции во бизнис панелот, откако американскиот претседател објави дека САД се повлекуваат од Климатскиот договор од Париз.

Поисплатливо е да се плати за затворање на даночните дупки отколку вака да се продолжи

Даночните приходи што ги губат државите на ЕУ се неколку пати поголеми отколку ќарот што го вадат членките на Унијата што овозможуваат избегнување данок.

Околу климатскиот договор од Париз

Повлекувањето на САД од договорот потпишан од 195 држави а чија цела е да се спречат катастрофалните последици од глобалното затоплување, е речиси готова работа. И тоа најверојатно ќе се случи и покрај сериозното лобирање на стотици корпорации и светски лидери. Дури и самиот Државен секретар на САД порача дека реперкусиите од напуштањето ќе бидат сериозни.