9-мина членови на посада на нуклеарна подморница од британската кралска флота имале наркотици во организмот, по што сите веднаш набркани од службата. Медиуми од островот велат дека се работело за кокаин.
Само еден месец пред овој скандал, на виделина излегоа тврдења дека на истата подморница се случувал и секс меѓу членови на посадата. На жените им беше забрането да работат во подморница до 2011 година, кога истражувања покажаа дека јаглерод диоксидот од рецитираниот воздух во подморницата не штети на плодноста на жените.
Бесен поради скандалот, британскиот министер за одбрана, Мајкл Фелон нареди задолжително тестирање на наркотици на целата морнаричка флота. Истиот претходно рече дека Британија нема да се колеба прва да испука нуклеарна ракета доколку е тоа неопходно.