Двајцата браќа ја спукаа пред народ (преку медиуми) откако Александар, помладиот, по излегување од затвор (каде одлежуваше за сексуален напад) во интервју за руските спортски медиуми ги нарече луѓето околу Фјодор „подлизурковци“, а по пат откри и дека речиси 10 години не зборува со својот брат.
„Сега се опкружува себе си со ’пријатели’ што го следат насекаде, и никогаш нема да му ја кажат вистината, плашејќи се да ја изгубат користа што ја вадат. Околу него има само подлизурковци,“ изјавил Александар во интервјуто.
Одговорот на Фјодор следува 3 дена подоцна во форма на отворено писмо што го објавува во истиот медиум кој прави интервјуто со брат му:
„Обично не ги коментирам изјавите на другите луѓе. Меѓутоа не можам да продолжам да молчам. Ова е мојот прв и последен одговор до тебе. Сметам дека ми е под достоинство постојано да реагирам на твоите лаги.
Сега и најважната работа - зошто одлучив да ти се обратам преку отворено писмо: ти ги нарече моите роднини подлизурковци. Подлизурко - тоа си ти. Јудо. Жал ми е што луѓето кои беа блиски со тебе и кои те поддржуваа во тешките моменти сега страдаат. Јас лично на дузини луѓе им се извинував за тебе.
Што сакаш можеш да кажеш за мене, ќе издржам сè, ама немој да си се осудил да ги навредиш оние што ми се блиски. Згора на сè, ти не ги ни познаваш. А сите оние што ги познаваш ти помогнаа и одиграа важна улога во твојот живот. И ти не вредиш ни колку нивниот мал прст. Затоа, ти не си во мојот круг.
Во едно од твоите интервјуа ти изјави дека можеш да ми помогнеш. Ама не разбирам како ти, (некој) што беше ослободен (од затвор) пред некое време и е познат по константните прекршувања на својот тренинг режим, може да ми помогне. На памет ми доаѓа само една работа - да не го посрамотиш моето семејно име и на моите родители!“
Спаринг на браќата:
Нокаути на браќата:
Еден многу карактеристичен став и борба на Александар: