Освалд се сретнал со агентот Валериј Костиков во амбасадата на СССР во Мексико Сити два месеца пред убиството на Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 година. ЦИА го водела Костиков како дел од 13-от департмент на КГБ, чија надлежност биле саботажи и ликвидации.
Освалд, комунист по убедување, инсистирал да зборува на руски иако тоа го правел лошо до неразбирливост.
Еден друг пензиониран офицер на КГБ претходно сведочеше дека Освалд бил во амбасадата само за да извади виза. Во новите 2891 обелоденети документи на американската служба не постојат други назнаки за релациите меѓу Освалд и КГБ.
Интересно е што и Советите, исто како и останатиот свет, се занимавале со разни теории на заговор околу атентатот на Кенеди,
„Според нашиот извор, раководителите на Комунистичката партија на Советскиот сојуз верувале дека смртта на Кенеди е масло на американската крајна десница“, се наведува во еден документ.
Откако беше застрелан од Џек Руби, Освалд на смртната постела бил посетен од агенти на ФБИ кои безуспешно се обиделе да искамчат нови информации околу убиството на американскиот претседател.