Разно

Кенија ќе вади зембиљи и цегери

На почетокот на неделавa во Кенија стапи на сила општа и ригорозна забрана за користење на пластични ќеси. Казните се толкави што ако те фатат со ќеса, попаметно ти е на лице место да се задушиш со неа.

Британија не може да изеде колку што Индија може да фрли храна

Околу 40% од храната произведена во Индија се фрла, а само од вкупното производството на жито во Индија се фрлаат околу 21 милион тони пченица, покажува извештајот на УНДП.

15-те најголеми товарни бродови загадуваат повеќе отколку сите автомобили на светот

Гледано по глобални статистики од бродскиот превоз на кој отпаѓаат 90% од вкупниот товарен транспорт, доаѓаат само 3% од стакленичките гасови. Зумирањето на истата оваа статистика покажува дека 15-те најголеми товарни бродови испуштаат повеќе азотни оксиди и сулфур отколку комплетниот глобален возен парк на четири тркала.

Иранската пропаганда учи од Холивуд

Класичниот стереотип за идеолошката индоктринација на исламската република кој асоцира на слики на задоени млади луѓе кои со крв во очите извикуваат „Смрт на Америка!“ одамна не важи. За да се држат младите во патриотска работна температура, Иран снима модерни музички спотови од по 250.000 долари.

Неолиберализам: идејата што го проголта светот

По логиката на до неодамна неприкосновено доминантната идеологија, неолиберализмот, пазарот и конкуренцијата се единствените чесни судии во животните битки. Но, кога тие битки создаваат армии губитници, прашање е на ден кога тие ќе го одберат својот Трамп или Брегзит. 

Докторите што стравуваат за здравјето на Мекгрегор

Со целата можност и ова да е дел околу целиот циркус што и претходи на борбата во сабота, група доктори смета дека на ММА шампионот никогаш не требало да му биде дозволено да боксува против Флојд Мејведер.

Макрон за 3 месеци спискал еден Голф на шминки

Францускиот претседател во рок од 3 месеци има потрошено 26.000 евра на шминка, што во просек му доаѓа дека Макрон три месеци секој божји ден давал по 280 евра за пудри, коректори, руж и сличен арсенал.

Да се сруши планината Рашмор!

Авторот на текстот за Вајс предлага уште од сега да им бидат скратени маките на сите Американци што стравуваат дека рушењето споменици на историски ликови од конфедерацијата утре ќе се претвори во рушење споменици на Вашингтон или на Џеферсон (инаку и двајцата сопственици на робови).

Американците трошат повеќе пари на лотарија отколку вкупно за целата останата забава

Во 2016 Американците потрошиле 80 милијарди долари на лото ливчиња, што е повеќе отколку што нацијата потрошила на филмови, видео игри, музика, спортски влезници и книги, заедно.

Фашизмот е жив (само што не секој навистина е партизан)

Авторот на „марфиевиот“ закон кој прв обрна внимание на прелесното потегнување на Хитлер и нацистите во интернет кавгите, нема никаков проблем со идентификација на оние кои ја предизвикаа крвавата ѓурултија во Шарлотсвил.

Дали старите Египќани биле белци или црнци?

Ако ги гледате старите холивудски филмови (на пример Клеопатра со Елизабет Тејлор), ќе верувате дека луѓето од антички Егтипе биле бели. Ако го гледате оној спот на Мајкл Џексон со Иман, Еди Марфи и Меџик Џонсон, тогаш ќе мислите обратно. Науката верува дека има конечно решение на дилемата.

Хрватски неонацист стана заштитен лик на нацистичките протести во Шарлотсвил

20-годишниот Петер Цвјетановиќ е главниот лик од фотографијата што се појави на речиси сите новински извештаи од нео-нацистичките демонстрации во американскиот град Шарлотсвил, кои започнаа по одлуката на тамошните власти да се симне споменикот на конфедерацискиот генерал Роберт Ли.

Кина куртули од бабите хулиганки

Банда од 14 баби е осудена на 2 до 11 години затвор од кинескиот суд заради барање исплата на долгови користејќи "провокативни и вознемирувачки методи".

Трамп два пати дневно добива папка со позитивни вести за него

Од почетокот на мандатот на администрацијата секојдневно се подготвува специјална папка, која на претседателот му се испорачува на две рати. Првото пакетче е спремно во 9 и 30, а второто во 16:30, и во просек во нив има од 20 до 25 страници со вести.

Како функционираат фудбалските трансфери

На страна играчот, трите најважни споредни состојки се: голем број луѓе, огромни количества пари и многу текст пораки.

Да не се претера со очекувања од колите?

Откако неколку децениската едукација за опасноста да се оставаат деца во кола кога е жешко не успеа да го намали бројот на вакви смртни случаи, лоби група за детска сигурност во сообраќајот дига раце од луѓето и се фокусира на техниката: бараат колата да има обврска да те потсети дека имаш заборавено дете на задно седиште.  

Нејмар, ПСЖ и геополитичкиот натпревар на Катар

Рекордниот трансфер на бразилската суперѕвезда од Барселона во ПСЖ е дел од многу поголемиот план на Катар, кој е сопственик на парискиот клуб, пишува Жорџ Малбруно во Фигаро.

Како ЦИА почна да се сомнева во официјалната верзија за убиството на Кенеди

По атентатот ЦИА е желна да ја прифати верзијата што доаѓа од ФБИ, Тајната служба и останатите делови од владата - односно дека заблуден и само-прогласен марксист го убил претседателот на САД со пушка од 21 долар нарачана по пошта, и дека не постојат никакви докази за завера (домашна или странска). ЦИА и потврдува за истрагата дека нема никакви докази за завера.

На кого му пречи стабилен Нотр Дам?

Сопственик на катедралата е француската влада, а нејзин корисник е католичката црква. Првите плаќаат 2 милиони евра годишно, вторите не плаќаат ништо за користење. Севкупно парите не се доволни за ништо освен тековно одржување и крпење.

Бегството од Сирија

Ранија има 20 години, родена е во Рака, ама по влегувањето на ИСИС во градот успева да пребегне во Кобане. Освен што ги нема ИСИС и во Кобане не е ништо подобро. Решава да бега и од таму, и да стигне барем до Австрија.

Зошто Германците имаат толку спротивставени ставови околу Русија?

Заедничката историјата меѓу Германија и Русија е обострана привлечност и одбивност, страв и прифаќање, конфликти и хармонија, и ова денес само ги комплицира работите, пишува Даниел Тост во текстот за Ханделсбалт глобал.

Лажните вести за исламистичкиот камп сред Њујорк, и американските муслимани

Екстремисти се имаат инфилтрирано во САД, оформуваат муслимански зони во кои никој надворешен нема пристап и таму ги подготвуваат своите следбеници за герилска војна против Американците. Барем во тоа веруваат неколку дузини Американци што тргнаа да протестираат во Исламберг, малата муслиманска заедница во сојузната држава Њујорк.

Зошто ЕУ се напна што САД и воведе нови санкции на Русија?

Во дополнително напнување во односните меѓу сојузниците што треба да му се спротивстават на Путин, германските политичари и бизнисмени го обвинија САД дека ги користат санкциите против Русија за засилување на сопствените интереси во Европа - континентот да купи што е можно повеќе гас и нафта од САД.

Зошто Саут парк одлучи да го игнорира Доналд Трамп

Има одредена точка по која пародијата и карикатурата повеќе не се ефикасни методи за да насмееш човек. Моментално авторите на Саут парк така се чувствуваат околу американскиот претседател.