Според новинските извештаи неколку научници се обиделе да ги искористат супер-компјутерите од Федералниот нуклеарен центар во Саров за копање биткоин. Целиот град во кој се наоѓа центарот е забранета област за пристапување.
Од безбедносни причини очигледни на секој што некогаш вклучил компјутер, супер-компјутерите не биле поврзани на интернет за да се спречи хакирање и упаѓање во нив.
Научниците биле фатени во својата намера кога се обиделе да ги вклучат компјутерите на интернет, што инстантно го алармирало обезбедувањето на центарот.
Саров е центарот во кој е произведен првата нуклеарна бомба на Советскиот сојуз, за време на владеењето на Сталин. Целиот град се води како државна тајна и тој не беше ни заведен на советските мапи. И ден денешен на Русите им се потребни посебни дозволи за да го посетат градот.