Разно

Застрашувачка симулација: Путин потегнува нуклеарки

Путин деновиве кажа дека кога ќе имаат доволно ракети Орешник, нуклеарно оружје и нема да им треба. Лавров, пак, предупреди да бидат сфатени сериозно дека се спремни за сите средства. Професорот Алекс Велерштајн изработи модел кога руската бомба Топол M SS-27 би била детонирана над главните градови во Европа и САД. Топол не е најразорното руско нуклеарно оружје (имаат и R-36 - Сатан) но сепак е 50 пати посилна од онаа во Хирошима. Страшно.

Користа од штетните гасови

Уште не постои научен консензус за климата и затоплувањето но дека е жешко, жешко е. Во комплицираните климатски модели постојат секакви елементи кои се земаат предвид, но понекогаш тоа се оние на кои најмалку се надеваш. На пример сулфур диоксидот. Штетен за белите дробови, корисен за ладење на планетата.

Колку милијарди вреди животот на милијардерите?

Виетнамска ултра богаташка која се бави со недвижнини загуби на апелација за преиначување на смртната казна во доживотен затвор, донесена поради еден нејзин огромен финансиски скандал во кој беа ојадени десетици илјади луѓе. Труонг Му Ланг сепак може да си го спаси животот, ако најде и врати барем девет милијарди долари. Ќе бараш по роднини, пријатели, што ќе правиш.

Биолошките жени сега се не-трансџендер жени

Не беше доволно што под чадорот жени (оние човечки единки што се родени со XX хромозоми) напикаа сешто до таму што човек се буни кога ќе чуе транс- жена (дали е тоа маж кој се мисли за жена или жена која се осеќа како маж), туку сега и тие, биолошките жени, наместо како такви, се опишуваат со негација, дека се не-трансџендер.  

Во Германија ли да се пазиш да не ти украдат кола?

Едно време во Германија кражбата на автомобили во Германија опаѓала, но во последно време ги има сè повеќе. Секој ден во просек исчезнуваат по 40 возила, меѓу кои има и камиони, трактори, комбајни. Иако огромни, тие за само неколку часа се надвор од Германија или се претворени во непрепознатливи делови.

Бараат 500? Пиши 300

На историската Париска климатска конференција од 2015-та година, најбогатите држави на светов, воедно и оние кои најмногу прават бељи на климата, им ветија на сиромашните дека ќе им даваат 100 милијрди годишно за да се справат со последиците од климатската криза. Таа цел никогаш не беше докрај исполнета. Ама затоа сега им ветија 300 милијарди.

Не, уште немаме расчистено за потеклото на ковидот

Во пандемијата беше богохулење да се помисли а камоли каже дека во тој вирус можеби има замешано човечка рака (со прилично практични последици, како што е блокирање на социјални мрежи, етикетирање како луд теоретичар на завери, руски човек...). Првата официјална истрага покажа дека веројатноста е пола- пола. Денес се открива дека притоа не биле земени предвид сите важни документи. 

Како топлиот дом ќе стане луксуз

Политичарите обожаваат да позираат како спасители на планетата и прилично добро им оди таа поза, од проста причина што нивните благородни идеи ги плаќа некој друг. Во Лондон имаат две решенија за еден проблем со парното. Поевтин и поскап. Политичарите решаваат дека поскапиот е најевтин.

Станува ли Германија Источна Германија?

Пензионер од Баварија на интернет објавил меме со кое навредил германски политичар, тоест министер кој освен што бил навреден, тврди дека вакви работи му ја отжнуваат работата во владата. А пензионерот само пишал дека овој е идиот. На стариот му затропала полиција дома и тоа во раните утрински часови, како во златните времиња на Штази.   

Колку пати едни исти луѓе можат да го напуштат Твитер?

Деновиве многу западни медиуми кои навиваа за пораз на Трамп, Маск и МАГА екипата, одушевено пишуваа дека луѓе масовно го напуштаат Икс, незадоволни од атмосферата и пред сè токсичноста на платформата, засилена по победата на омразениот Трамп. Проблем е што и лани го напуштаа, и претходната година исто. Упорно го напуштаат и уште поупорно се враќаат, за да може по некое време пак да драмат за атмосферата, токсичноста... 

Градови што трујат колку држави

Да беше Токио држава, ќе беше во топ 40 држави загадувачи на оваа планета. Што е дури и подобро од Шангај кој со своите 256 милиони метрички тони стакленички гасови е најголемиот град- трујач и прави повеќе беља од цели држави како Норвешка или Колумбија. Кинеското друштво регионални загадувачи го ремети само Тексас.

Паметните уреди не ги опаметија учениците

Извештај на ОЕЦД покажа дека поголемиот дел од образовните технологии (EdTech) не ги испорачале, своевремено на сите ѕвона ветуваните академски придобивки. Лани Шведска реши да дигне малку рачна и да ги потсети учениците дека постојат и хартиени книги а и стари вештини како што е фаќање белешки. Кога имаат компјутер, учениците во просек издржуваат само 6 минути со задачата.

Украина изгуби една тотално непотребна битка

Украина сакала да заштити како трејдмарк една анти-руска пцовка. Спонтано ја смислил нивен војник во предвечерието на руската инвазија и таа во меѓувреме стана симбол на украинскиот отпор. Од што немаат попаметна работа, властите во Киев дошле до идеја да ја заштитат како нивен трејдмарк, за да не можеле други да профитираат од слоганот. Судот рекол, не може тоа така.

Кинезите се одвикнаа од правење деца

Иако речиси десет години Кина ја олбавува својата долгогодишна политика за едно дете, резултатите не се охрабрувачки. Стaпката на наталитет и натаму паѓа а минатата година е забележан рекордно низок број на родени, само 9,02 милиони. Ај деца, ама па тоа Кинезите сега ни бракови нејќат. Така е кога од село ќе дојдеш во град.

Требаше ли Шпанија да ги руши браните?

Во југоисточните делови на Шпанија, за 8 часа падна повеќе вода отколку во претходните 8 месеци. Загинаа над 200 луѓе, други се водат како исчезнати, патишта и мостови се збришани, преку 100.000 автомобили оштетени. Луѓе во Валенсија и другите места се прашуваат дали освен природниот елемент, постоел и друг фактор кој придонел за вака катастрофален биланс на поплавите.

Две освежувачки пораки од заменикот на Трамп

Од новиот потпретседател на САД и поранешен сенатор од Охајо, ЏејДи Ванс, издвојуваме две поенти: едната е за Кина и она што е добро во неа е што нема закани како што сме навикнале туку потреба од извлекување поуки од нивната политика. Втората е за ЕУ. Е, тука има закани, ама врзани со една тема која ни е битна и како на луѓе и како на медиум, а тоа е слободата на говорот.

За жал, некој ќе паѓа во транс, за среќа, тоа нема да бидат децата

Ако се држи до ветувањата, Трамп наскоро треба да тргне во најавената војна против транс -идеологијата и непоправливите гревови кои ги прави кон деца и млади нудејќи им „лесен“ излез од сите нивни младешки збунетости и дилеми велејќи им дека се наоѓаат во погрешно тело. „Ќе барам Конгресот да донесе закон по кој државата признава два пола: машки и женски и тие полови се од раѓање“, порача Трамп.

Размонтирање на цензорскиот картел во пет чекори

Освен што најави запирање на војните во Украина и Блискиот исток, најголемото очекување од Трамп е враќање на слободата на говорот која се потиснуваше и цензурираше под маската на борба против лажни информации, во што учествуваа и државите и големите социјални платформи и цел еко-систем од невладини и слични дебело платени никаквеци. Ќе има пиштење- вриштење.

Илон Маск може да биде депортиран од САД затоа што работел на црно?

"Многу луѓе уште не ми веруваат дека Демократите ќе сторат сè за да ме уништат ако победат на 5-ти ноември“, пиша Илон Маск на својата платформа нудејќи пример за тоа како корпоративните медиуми сериозно се бават со прашањето дали тој може да биде депортиран од САД. Искусниот Ким Дотком му нафрли: "Ќе завршиш во Гулаг затоа што рискираш сè за нас. Ти благодарам.“

Експерт за паметно трошење се докажа на свој пример

Извесен Дејвид Голдстон е именуван за канцелар на Одделот „вредност за пари“ кој за задача има да го советува британското министерство за финансии што се паметно потрошени пари а што е залуден и непотребен трошок. Така доаѓаме до платата на Голдстон. 

Наркобандите имаат нови финти за кокаинот

Иако ланската година беше рекордна по запленетиот кокаин во европските пристаништа, се очекува оваа година за крим-полицијата да биде далеку понеуспешна. Причина за тоа е што криумчарските банди во меѓувреме нашле начин како да им ја отежнат работата на полицајците и развиле нови методи заради кои речиси е невозможно кокаинот да биде откриен.

На „Страва“ може да ги лоцирате Бајден, Трамп, Камала, Макрон....

Новинарска истрага на францускиот весник „Ле Монд“ покажа дека тајните локации и движењата на американскиот претседател Џо Бајден, претседателските ривали Доналд Трамп и Камала Харис и други светски лидери може лесно да се следат на интернет преку фитнес апликација што ја користат нивните телохранители. Страва.

Што знае клима што се 41 милијарда долари

Светската банка е една од оние глобални финансиски гиганти кои влеваат стравопочит не само во поглед на моќта, туку и заради сериозноста со која ги решаваат светските проблеми. Но, финансиска ревизија на нивното климатско портфолио покажува доста арабаџиски однос - не е јасно каде завршиле меѓу 24 и 41 милијарда долари.

Во Канада еутаназирале човек со „пост-вакцинален синдром“

Канаѓанец со секакви ментални проблеми помислувал на смрт за да си ги прекине маките. Во таа земја е легализирано асистирано умирање, но за болести кои се неизлечиви и безнадежни. Докторите кои решавале за неговиот случај, дале дозвола за еутаназија, заклучувајќи дека на човекот не му е добро после трите ковид вакцинации.