Австралија преку ноќ стана побогата за 6,15 ТРИЛИОНИ долари откако на своја територија го откри најбогатото наоѓалиште на железо на светот.
Еден трилион е илјада милијарди.
Закопаното железно богатство било скриено длабоко под оддалечениот регион Хамерсли во Западна Австралија. Истражувачите проценуваат дека наоѓалиштето се состои од околу 55 милијарди метрички тони висококвалитетна руда, со концентрации на железо над 60 проценти.
Австралија, која веќе е водечки извозник на железна руда во светот, со ова ќе доминира со светскиот пазар долги години.
Иако Хамерсли се рудари со децении, со нова технологија за снимање и анализа се дознал вистинскиот волумен и концентрација на железото кое е депонирано под земја. Се работи за хемиски и изотопски техники со кои биле уточнети првичните проценки кои сугерирале 30 процентна чистота на рудата.
Освен пазарните ефекти врз австралиската економија, пронајдокот ќе биде многу корисен и за науката бидејќи геологијата ќе добие појасна слика за тоа како еволуирала Земјината кора.
