Offside

Добрите другари и веќе подолго време ортаци на теренот, Лионел Меси и Луис Суарез постигнаа по 2 гола во триумфот на Интер Мајами 4-0 против Ди-Си Јунајтед. Лео штотуку беше емотивно испратен во репрезентативно пензија во својата Аргентина, а сега му се врати на клупскиот фудбал каде продолжи да дава голови.

Каква ноќ во ЛШ, Борусија од 0:2, стигна до 3:2, а Челси од 1:4 до 4:4

Уште полудо е што Челси стигна до реми за 11 минути и веднаш им поништија гол за 5:4, а Борусија го шокираше Интер со три комада за 26 минути. Пресврт направи и Валенсија, а Барса и Наполи одиграа само реми. Елмас остана на клупа.

Кога ќе му дадеш на пензионираниот Тоти да ја изведе од средина

Симболот на Рома има 43 години и е далеку од престарен за да не ја одржува формата по турнири. Не трпи пораз и сега, па кога прими неговиот тим гол, вака им одговори.

Син му на Холифилд дебитираше во профи бокс со нокаут победа за 16 секунди

На 3 ноември во Лас Вегас настапи 22-годишниот Еван Холифилд, син на легендарниот светски шампион во две тешки категории, Ивандер Холифилд. Ова беше деби за Еван меѓу професионалците, а од него се очекува многу.

На Чиро изгледа многу му фуфка од летање

Франчесто Ачерби му го откри стравот на италијанскиот напаѓач. Некои мислеа дека заспал, а тој уствари се плашел, особено на турбуленции. Инаку игра во страшна форма.

8,5 години затвор за олимписката атлетичарка која шверцаше 52 кг дрога

Холандската атлетичарка Мадија Гафур во јуни годинава беше уапсена во Германија откако ѝ пронашле 52 килограми дрога. Судот ја прогласил за виновна и ја осудил на 8 ипол години затвор.

Да де, сега ВАР ти е крив што си дикле

Десниот бек на Монако, Рубен Агилар откако доби црвен картон во 90+2’ минута од мечот Сент Етјен - Монако, реши бесот да го искали на ВАР техниката.

Будеску е тука за да не се заборави Артим Шаќири

Константин Будеску е романски репрезентативец кој игра во домашното првенство за Астра Ѓурѓиу. Против Поли Јаси во понеделникот (4:0) даде два комада од кои и првиот и вториот беа „ексепционал“ што би рекол коментаторот.

И самиот признава дека тоа е шизофрено

А еден па му искоментирал дека тој сигурно не разликува пречка од офсајд.

Фото на денот

Вардар - Хајдук, Градски стадион, 1985-та. Толку.

Лукоил со погодок во последната минута до победа над Тиквеш

Екипите на ЕВН и Лукоил со идентични победи го стартуваа 6-то коло во Бизнис лигата на Македонија, а Рамстор и Еуро Табак одиграа нерешено.

Ги видовте ли ножичките на 35-годишниот Тевез?

Бока Јуниорс го совлада Арсенал Саранди во првенството со 5:1, а првиот гол на мечот кој беше избран за погодок на колото, го збрца Карлос Тевез кој направи фантастични ножички за 3 гол сезонава.

Нема да го носиш Џокер на копачките, имаш забрана

Во американската НФЛ лига, ресиверот на Кливленд Браунс, Одел Бекам влегува во игра 9 недели во првенството со копачки произведени од Nike а на кои основен мотив е ликот на Џокер, антихеројот во DC Comics. Ама...

Ван Дајк во 3 секунди го објаснува истрајниот Ливерпул

Само оваа сезона, фудбалерите на Ливерпул пет пати дале гол во судиско продолжение. Е сега пазете го следниов податок. 35-ти пат во историјата на Премиер лигата успеале да победат по истекот на регуларните 90, а тоа е десет пати повеќе од било кој друг премиерлигаш.

Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во латино и синхро кое се одржува во Сараево, БиХ.

Леле мајко каков малер за 4,2 милиони денари

Царот си одбрал поштено само три утакмици, ама како баш овие само тој си знае. X-X 3+ е ултра тешко за фаќање, а тој фатил две и пол. Барнсли - Бристол Сити му завршува 2:2 и тоа со израмнување на домаќинот во 94-та минута. Каде е проблемот? Гостиве воделе 0:1 на полувреме со погодок во 43-та минута.

Учете од него додека го имате

Можеби ја нема истата кондиција, што е нормално за годините, ама затоа неговото искуство и самото присуство на терен се непроценливи. Што ти е стара коска. Мајсториште.

Само Ноле знае вака да ги испоштуе навивачите

Кога е во прашање Новак Ѓоковиќ, за него тенисот не е само натпревар по кој се оди под туш, па дома на одмор. Мора да има и некое шоу кое овој пат го имаше после освојувањето на мастерсот во Париз.

Бесрамна глума на Ицо откако Роналдо му го почеша мевот

Кристијано Роналдо го закачна малку Фернандо Ицо со лакт на дуелот Торино - Јуве, а овој легна да се витка на земја, како бубрег да му извадил. Тешка патетика е ова и скроз погрешен пример за младите. Не бидете црепови, кога 20 камери има и ќе се види дека се брукате.

ФИФА, даваш ли награда за оригинална прослава на гол?

Од сите четири гола кои Сантос му ги даде на Ботафого, најубав беше вториот, оној во 13’ минута кој го заби Марињо. Ај што даде еврогол, па и прославата му беше многу многу јака!

Моронски фаул на годината - доаѓа од Бразил

Голманот на Интернасионал од Бразил, Марсело Ломба на најгрубијански можен начин му влезе на центарфорот на Гремио, Лучано. Нормално, директен црвен картон во 51’ минута и пораз на крај од 2:0.

Ни сам не знае како му успеа ова

Алберто Морено, Еспањол - Виљареал, 9. коло од шпанска Ла Лига.

Не Буенос Аирес, чекај да го видиш дербито на Казабланка

Во саботата вечер мароканските Раџа Казабланка и Видад се сретнаа во градското дерби на Казабланка. Ова е еден од најопасните натпревари на целиот континент Африка, а сигурно и пошироко.

Најлудиот момент во Премиер викендов - голманот Фостер и шансата за гол

Мечот Вотфорд - Челси (1:2) помина во апсолутна доминација на гостите, кои уште еднаш покажаа дека со децата од своја школа играат убав фудбал. Дадоа два гола, можеа уште два, ама на крај се спасуваа.

Балотели излезе од терен поради расизам, па се врати и даде еврогол

Хрватот Иван Јуриќ, тренер на Верона на прес-конференција после мечот изјави дека не слушнал никакви расистички урлици, а во меѓувреме се појавија видеа кои го негираат и докажуваат дека Балотели бил жестоко навредуван.