Сава Осигурување со одлична игра до победа над ЕВН

Во третиот ден од 12. коло од Бизнис лигата на Македонија, славеа екипите на Тиквеш, Сава Осигурување и Рамстор.

Тиквеш со тимска игра до победа над ТАВ

Тиквеш6-3(2-0) ТАВ

Тиквеш: Нинослав Ранѓеловски 32’ Филип Велјановски 24’ 34’ Гоце Ивановски 17’ 20’ 25’

ТАВ: Мартин Арсовски 34’ Петар Мартиновски 22’ Ибраим Елманз 37’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и ТАВ, и двете екипи влегоа претпазливо во овој натпревар внимавајќи повеќе на својот гол отколку на нападот. Како одминуваше времето се засили темпото на игра и почнаа да се редат шанси за гол на двете страни. Кон крајот на полувремето поточно во 17та минута екипата на Тиквеш успеа да искористи еден контра напад и да реализира за водство од 1-0 што им даде дополнителен мотив па до крајот на полувремето успеаа да реализираат за водство од 2-0. Во второто полувреме се потигна темпото на игра и двете екипи се почесто се закануваа кон протиничкиот гол. Екипата на Тав успеа во 22та минута да реализира и да ја намали разликата на 2-1. Сепак екипата на Тиквеш денеска прикажа игра на повисоко ниво и повторно до 32та минута направи солидна предност 4-1. Екипата на ТАВ се обиидуваше резултатски да се доближи во што делумно успеа, но немаше доволно сили да ја изненади денес расположената екипа на Тиквеш која го доби овој натпревар со 6-3.

Сава Осигурување со одлична игра до победа над ЕВН

Сава Осигурување 4-2(3-0) ЕВН

Сава Осигурување: Трајче Илиевски 8’ 40’ Коста Глигурвоски 5’ Јоваица Марковски 20’

ЕВН: Томи Илиевски 24’ Бојан СИмоновски 28’

Првото полувреме од дуелот помеѓу Сава Осигурување и ЕВН, и припадна на екипата на Сава Осигурвање која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра што и донесе водство со голот на Глигуровски во 5та минута, неколку минути подоцна во 8та минута стрелаше Илиевски за 2-0. По оваа негатива екипата на ЕВН започна со поагресивна игра со цел да фати резултатски приклучок, но таквата отворена игра стави простор за Сава Осигурвање која го зголеми резултатот на 0-3 со кој се змаина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕВН постигна погодок што им даде дополнителен мотив да тргнат уште понапаѓачки кон голот на Сава Осигурвање што вроди со плод во 28та минута кога дојдоа на само гол негатива. Сепак екипата на Сава Осигурвање не дозволи изненадување па во последната минута со вториот гол на Илиевски ја осигура победата со 4-2.

Рамстор ја сочува предноста и славеше над Водовод

Рамстор 4-3(3-1) Водовод

Рамстор: Кадир Јахија 9’ 14’ Ибрахим Бекир 16’ Енгин Мемеди 27’

Водовод: Јакуп Зекири 18’ 24’ Стојанче Величковски 40’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Рамстор и Водовод, екипата на Рамстор беше таа која ја превзеде иницијативата и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Водовод. Таквата отворена игра и донесе водство во 9та минута со голот на Јахија. Екипата на Водовод со сит е сили се обидуваше да дојде до ирамнување, но не успеаа во тоа па Рамстор успеа да казни за зголемување на водството кое на полувремето изнесуваше3-1. Во второто полувреме екипата на Водовод со голот на Закири успеа да дојде на само гол негатива. По овој рано постигнат погодок тие добија мотив да тргнат пожестоко кон голот на Рамстор и да тргнат по израмнување, сепак Мемеди со гол во 27та минута ги спречи во таквата намера. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор ја контолираше играта и го доби овој натпревар со 4-3.

19 декември 2019 - 15:13