Кој дел од работата не ви се допаѓа?
Се работи за многу интензивна работа, но јас ја работам 19 години. Ако не го работев ова, ќе имав друга интензивна работа. Таа ми ги плаќа сметките, но да се биде постојано набљудуван не е баш убаво. Уште со првата голтка од пивото веќе сте на социјалните мрежи. Немам проблем да им кажувам на луѓето да ги почитуваат моите граници.
Како спречивте некој да има надуено его после освоената ЛШ?
Донесовме свесна одлука со играчите дека не се работи за тоа да се освои едно нешто и толку, туку да се освојува без граници. Моментот кога го подигнавме тој пехар беше важен, но тоа не ни даде чувство дека сме завршиле. Сакаме да мислиме дека ќе се сретнеме за 20 до 30 години, ќе погледнеме назад и ќе ги измешаме годините. Чекај, тоа беше 2019-та или 2020-та? Се обидуваме да извадиме се што можеме од нашето време заедно. Тоа не е притисок, туку шанса.
Како ве почитуваат додека носите тешки одлуки?
Сите мои поранешни играчи го имаат мојот број и останавме во контакт. Се уште ги поддржувам, освен во моментот кога играме едни против други. Ако победиме 5:1, би сакал мојот поранешен играч да е стрелец на тој гол. Тоа е како семејство и пријателство засекогаш.
Кога бев многу млад тренер во Мајнц и знаев дека моите играчи не заработуваат многу, требаше да им кажам на некои од моите најдобри пријатели дека нема да добијат нови договори и не знаев кој пат е добар за нив. Сега е поразлично и не остануваат играчите на улица, ќе си најдат друг клуб. Не го оставам во темна соба. Иднината е се уште светла за нив и понекогаш нашето место не е вистинското за некој играч. Никогаш не сум задржал играч бидејќи многу ми се допаѓал.
Кое е најголемото изненадување во Ливерпул?
Го познавам Трент Александар Арнолд уште од 17 години. Тој беше голем талент, но не бевме сигурни дека може да биде добар физички. Сега тој е машина, така што тој е големо изненадување.
Кој ви е идол?
Големиот Борис Бекер кој е моја возраст е мојот херој. Кога во 1985-та на 17 години го освои првиот Вимблдон, тоа беше еден од моите најголеми денови во животот. Мојата сопруга и неговата поранешна организиравме средба, бидејќи тој секогаш беше на мојата непостоечка листа со корпи. Во тој момент не можев да зборувам, што е тешко за верување. Отсекогаш знаев дека можеме да бидеме добри пријатели и таа вечер се однесувавме како такви.
Кај може да помине интервју со него без анегдота.