Приказната за играчот од Нигерија оди вака:
Нигериски фудбалер останал без договор со европски клуб откако му го раскинале бидејќи ја забременил ќерката на претседателот на клубот, само шест месеци откако потпишал.
Скандалот беше објавен во словенечките медиуми, а идентитетот на фудбалерот не го откриваат.
„Потпишав три и пол годишен договор со опција за уште една, но минатиот месец влегов во неволја откако открив дека девојката која е бремена од мене е ќерка на претседателот на клубот. Ме повикаа на состанок за да ме известат дека ја прекинуваат соработката со мене.
Се слушнав со агентот, а тој ми рече дека треба да испратиме жалба во ФИФА. Бод да чува, па возрасна жена е, се заљубивме и решивме да имаме дете. Сега не знам што ќе се случува со нејзе и детето откако се вратив во Нигерија. Сакаат да ме блокираат на социјални мрежи за да не комуницираме. Новите колеги не сакаа и да зборуваат со мене за проблемот. Збунет сум“.
Но словенечките медиуми открија дека сторијата е фејк, а тоа се забележува од начинот на кој била измислена во Нигерија. Не се споменува име на клуб, ниту на играч или претседател, туку само дека се работи за европски клуб и се повикуваат на медиуми од Словенија.
Веста се раширила, ама и се проширила дека се работи за фудбалерот по име Донатус Едафе кој бил отпуштен од Нова Горица. Откриено е дека сепак постои Нигериец кој играл за тој клуб, ама приказната сепак е лажна или за кликови или па можеби некој сакал да му наштети.
Едафе добил повик од новинари и демантирал.
„Ви благодарам што ме контактиравте, не знам од каде потекнува приказната. Бев шокиран кога прочитав, јас инаку ја напуштив Нова Горица во 2018-та. Можам да ви кажам дека сè е во ред меѓу мене и клубот. Оваа вест е лажна“.
Нигерискиот фудбалер кој навистина играл во Словенија ги закопал тие што сакале да му наштетат со следниот факт кој им го кажал на новинарите, а тоа е дека претседателот на клубот нема ќерка.