Offside

Добрите другари и веќе подолго време ортаци на теренот, Лионел Меси и Луис Суарез постигнаа по 2 гола во триумфот на Интер Мајами 4-0 против Ди-Си Јунајтед. Лео штотуку беше емотивно испратен во репрезентативно пензија во својата Аргентина, а сега му се врати на клупскиот фудбал каде продолжи да дава голови.

Не Буенос Аирес, чекај да го видиш дербито на Казабланка

Во саботата вечер мароканските Раџа Казабланка и Видад се сретнаа во градското дерби на Казабланка. Ова е еден од најопасните натпревари на целиот континент Африка, а сигурно и пошироко.

Најлудиот момент во Премиер викендов - голманот Фостер и шансата за гол

Мечот Вотфорд - Челси (1:2) помина во апсолутна доминација на гостите, кои уште еднаш покажаа дека со децата од своја школа играат убав фудбал. Дадоа два гола, можеа уште два, ама на крај се спасуваа.

Балотели излезе од терен поради расизам, па се врати и даде еврогол

Хрватот Иван Јуриќ, тренер на Верона на прес-конференција после мечот изјави дека не слушнал никакви расистички урлици, а во меѓувреме се појавија видеа кои го негираат и докажуваат дека Балотели бил жестоко навредуван.

Вардаровиот бисер со одбрана на колото

Марко Кизиќ има само 18 години а веќе најавува за каков талент станува збор. Синоќа на мечот Вардар - Мешков Брест, Кизиќ бранеше 15-ина минути во кои направи шоу после што ЕХФ ја прогласи неговата одбрана за голманска интервенција на колото.

Вардар се врати на победнички патеки во Лига на шампиони

Ракометарите на Вардар го вратија препознатливиот блесок, откако вечерва во Скопје со 36-31 го совладаа Мешков Брест.

Фантастична акција на Џенова и нов гол на Пандев

Илија Несторовски го доби “македонскиот дуел“ во Серија А откако Удинезе ја совлада Џенова на гости со 1:3. Несторовски одигра 72 минути, а Пандев сите 90. Капитенот на Македонија го отвори резултатот во 22 минута по една маестрална акција во која одигра цик цак со младиот Куаме. Не бе, цар е со тоа левицата.

Дозволено ли е вакво криење на топка пред гол?

Фудбалерите на Севиља го приредија најчудното бранење кое се случи на мечот против Атлетико Мадрид и тоа во судиско продолежние. Само на забавена снимка ќе сфатите што уствари се случува во таа хаотична ситуација на сама гол линија.

Штета што не му го признаа ова на Азар

Офсајд е, се гледа, тоа се потврди и со ВАР, ама без разлика на тоа мора да видите што му одигра еден на еден Белгиецот на фудбалерот на Бетис. Го изеде.

Ама јас само сакав да ја расчистам

Младински натпревар во Малезија на кој дечково толку јако ја дувна, што топката едно време ја снема од кадар. Погодете каде ќе заврши.

Сега и ова ли не е пенал?

11-то коло, трет судиски поклон за италијанскиот шампион за кој сигурно некој повторно ќе пише дека вечна болка ни бил, а ние само објавуваме нешто што не може да се сокрие. Апла е дечки, дај барем сега признаете.

Како босански тренер задржува време во 90-та минута

Сутјеска води 1:0 против Леотар. До крај има уште неколку минути од судиско продолежение. Лигата е трета по ред во БиХ, а тренерот е тешка дилајла.

Абе каков Конте, оди фудбал да гледаш

Го имаме победникот на денот. Краљот кој не изнасмеа за сите пари. Плус добар прогнозер е.

Нема друг фудбалер на планетава што вака се напил пиво додека слави гол

Го фати како бејзбол топче, го дрмна на екс и им го врати назад. Што ти е култура, прецизност, ама и жед.

Реакцијата на Колчестер кога дознаа дека ќе играат со Манчестер

Англиските фудбалски купови се можеби најсимпатични натпреварувања, затоа што таму секоја година некој анонимен нисколигаш знае да надене некој од фаворитите и да го посрамоти. Синоќа за време на ждрепката за 1/4 финале од Лига Купот на Колчестер му се падна Манчестер Јунајтед.

Јувентините извадија нови моменти од спорните ситуации

Некогаш не помагаат ни 19 камери, ни ВАР, ни четворица судии, ни делегат. Секој тера на своја воденица. После бурните реакции од Неапол за недосудениот пенал врз Љоренте на мечот со Аталанта при резултат 2:2, а досудениот за Роналдо во 90-та минута при резултат 1-1, сега се огласија од Торино.

Ја укочи во место со роналдињовка

Адриана Диаз од Пoрторико на Бразилкава и направи потег за кој стварно немаме друго што да додадеме, освен да го повториме насловот.

Кака до Кафу, овој до Ривалдо, асистенција до Роналдињо и гол

Не е ова ретро видео од култниот Бразил, туку тазе акција од нив на пријателски натпревар против Израел. 28.000 луѓе ги гледаа ветераните на овие две селекции, а ние со ќеиф издвојуваме нешто од нив, кое и да не е атрактивно мора да се види поради тежината на нивните имиња.

Колку смешно се презива, толку убав гол даде од 60 метри

Второлигашот Лозана го декласираше прволигашот Ксамакс со 6:0 во швајцарскиот Куп. Еден од головите, четвртиот за домашниот тим во првото полувреме го даде Хрватот Стјепан Кукурузовиќ. И тоа не обичен гол, туку голчиште од 60 метри.

Сам си асистираше со сомбреро

Херард Морено, центарфорот на Виљареал го постигна својот 8-ми сезонски гол, на гостувањето кај Еибар кога во 88’ минута израмни на 1:1.

Со труба, орце и тапани против Ноќ на вештерките

Неколку дена пред почетокот на 6. коло, раководството на кошаркарската Евролига донесе одлука сите натпревари да почнат во знакот на Халоувин - играчите да излезат со маски на терен, а домаќинот да организира пригодна програма. Ама во Србија наидоа на голем отпор.

Сајтот на Барса во 98-ма бил ко Нинтендо

Добро сега сè во свое време, ама па стварно е циркуз кога ќе начека човек едно вакво ретро издание. Овде не забележуваме ни фотогалерија, а не па некое видео, што е нормално за тогашните услови и капацитети.

Најјакиот навивачки швенг ни доаѓа од Полска

Третолигашот Widzew Łódź (веројатно Видзев Лодз на нашки) синоќа во Купот на Полска ја пречека Легија од Варшава. Се држеа на 2:2 до 84-та и потоа загубија, а она што сакаме да ви го покажеме е нивната неверојатна навивачка армија. Какво е ова видео луѓе? Каква е оваа поддршка после пораз?

Одамна некој вака не врзал 2 бунари во НБА

Милвоки Бакс изгуби 116-105 од Бостон Селтикс и после 4 кола има учинок 2-2. Најкорисниот играч во НБА за минатата сезона, Гркот со нигериско потекло Јанис Адетокумпо постигна 22 поени, имаше 14 скока и 5 асистенции ама сè му пропадна во вода кога се избламира од линијата за слободни фрлања.

Кој европски, кога тие ниту за македонски клуб не се сметаат

По 156 пат дербито Вардар - Шкендија во Тетово завршува со нецивилизарано однесување на домашните навивачи кои ги каменуваат гостите како да се наоѓаат во камено време. Плус им служат и како “одличен“ пример на децата што собираат топки, па сега и тие учат од нив.