Уште од поодамна се знаеше дека Ливерпул во рок од 2 дена ќе мора да одигра 2 натпревари, затоа што англиската фудбалска лига не му дозволи да го одложи натпреварот од Лига Купот против Астон Вила, иако „црвените“ веќе отпатуваа далеку на друг континент.
Фактички во вторник Ливерпул играше против Астон Вила, а во среда ќе игра полуфинале на клупско СП во Катар (против Монтереј и ако помине, во финале го чека бразилскиот првак на Копа Либертадорес Фламенго кој го совлада Ал Хилал со 3:1). Со два различни тима „црвените“ ќе играат во два дена.
Јирген Клоп беше незадоволен од тоа што луѓето од организацијата на Лига Купот не смениле дата на одигрување, па Германецот во еден момент дури и се закани со неучествување во Лига Купот.
Но и тие луѓе имале право, затоа што календарот бил буквално преполн и невозможно било да се префрли датата. Затоа првотимците, сите 22 од прва екипа отидоа во Катар, а во Лига Купот играа младинци.
Клоп уште пред пар недели викаше дека ќе остави неколку сениори во Англија за да играат против Вила, па да тргнат со чартер лет за Катар. Наводно мислел да ги остави Адам Лалана, Џо Гомез и Дивок Ориги кои играа во лудиот меч од 1/8 финале против Арсенал. Но во меѓувеме се повредија Дејан Ловрен и Жоржињо Вајналдум па Клоп во Катар ги земал со себе дури и младинците Кертис Џонс и Неко Вилијамс.
Екипата синоќа ја водеше Нил Критчли, тренер на младинскиот состав на Ливерпул.
„Мислм дека одигравме прекрасно. Добро почнавме, имавме пар добри моменти по судиската свирка. До крајот не успеавме да не примиме многу голови и штета е што не изгубивме барем со 2 гола. Ова беше неверојатна вечер, никој не сакаше да заврши. Добивме неверојатна поддршка. Играчите на Астон Вила се поставија класно. Дин Смит и Џон Тери дојдоа во нашата соблекувална и ни рекоа: „Продолжете во тој дух, среќно ајде“ и ни посакаа се најдобро. Со играчите цел живот ќе го паметиме ова искуство“, рекол тренерот на младинците кои синоќа се судрија со премиерлигашот во Купот.
Головите за Астон Вила ги постигнаа: Хурихејн во 14’ минута, автгол Бојс во 17’ минута, Коџија во 37’ и 45’ за 4-0 и конечни 5-0 Весли во 90’ минута.
КОИ БЕА МЛАДИНЦИТЕ И РЕЗЕРВИТЕ ШТО ИГРАА ПРОТИВ ВИЛА?
Кевин Келехер, голман (21 година)
Келехер стана јунак во двете претходни рунди од Лига Купот: прво бранеше одлично против МК Донс, а потоа иако прими дури пет гола од Арсенал (5:5), на крај во пенал серијата го спаси својот тим.
Ирецот брани од своја 14 година. Во 2015 година преминал во академијата на Ливерпул од клубот Рингмеон Ренџерс, од неговиот роден град Корк во Ирска.
Кевин Келехер против Астон Вила беше еден од најискустните играчи во составот на Ливерпул затоа што тој веќе има две предсезонски подготовки со екипата, има два меча во Лига Купот, медал во Лига на шампиони и Суперкуп на УЕФА.
Но ете не успеа да го сочува тимот од висок пораз против Астон Вила.
КиЏана Хувер, десен бек (17 години)
На оваа позиција можеше да игра и Неко Вилијамсама тој толку добро одигра против Арсенал (имаше асистенција во 95’ минута) што Клоп реши да го земе со себе во Катар како бек-ап за Трент.
До тој момент КиЏана Хувер беше втор во хиерархијата на десните бекови во младинците на Ливерпул - тој дури и даде гол годинава против МК Донс во Лига Купот. Кога Неко Вилијамс блесна во Лига Купот, Хувер во тоа време беше на Светското У17 во Бразил каде со Холандија го освои четвртото место и даде еден гол.
Хувер КиЏана не е одамна во Ливерпул. Тој дојде на „Енфилд“ во септември минатата година од Ајакс. Дебитираше за првиот тим веќе сезонава кога влезе од клупата за резерви во Лига Купот наместо повредениот Ловрен и играше стопер.
Сеп Ван Дер Берг - стопер (17 години)
Црвенокосиот стопер е еден од двајцата малолетни играчи кои стигнаа во Ливерпул летово. Тој нема многу време поминато со прв тим, но минатата сезона играше во холандската прва лига и забележа дури 15 настапи за Цволе.
На мечот против Арсенал во претходната рунда, Сеп се нервираше и правеше киксови, а не беше сјаен ни синоќа против Астон Вила. Но така се учи.
Клоп многу му верува па затоа Ван Ден Берг е еден од играчите кои ќе летаат за Катар.
Тони Галахер, лев бек (20 години)
Младиот шкотски лев бек на прва асоцира на Енди Робертсон. Малиот Тони во Англија дошол од Фалкирк, клуб од шкотскиот Чемпионшип каде веќе играл за прв тим. Настапил во 3 сезони, одиграл 26 меча и наместил 6 асистенции. Не баш лошо за дете кое дебитирало со 15 години во професионален фудбал.
Педро Чиривеља, играч од среден ред (22 години)
Најискусен фудбалер во овој млад шарен состав на Ливерпул. Тој е на „Енфилд Роуд“ веќе цели 6 години, од 2013-та кога дојде од Валенсија. Досега има 7 меча за првиот тим на Ливерпул во сите натпреварувања, но постепено паѓал во форма. Тоа е очигледно и по клубовите каде беше на позајмица: пола година во Гоу Ахед Иглс, па во Вилјем Втори, па во Екстремадура од Сегунда.
Сезонава Чиривеља имаше непријатност кога влезе на терен на мечот против МК Донс иако бил нерегистриран. Поради тоа Ливерпул за малку не го дисквалификуваа. Некои навивачи сметаат дека тоа бил свесен план на Клоп да ги исфрлат од Лига Купот за да може да избегне пребукиран календар во декември.
Херби Кејн, среден ред (21 година)
Младински репрезентативец на Англија. Дојде во Ливерпул во 2015 година од Бристол Сити. Не играл лошо во тимот У19 на Ливерпул кој го тренирал Стивен Џерард.
Официјалниот сајт на Ливерпул пишува дека Кејн знае да дава прекрасни голови и да дели супер асистенции. Статистиката од минатата сезона кога играше како позајмен играч во Донкастер Роверс му беше: 4 гола и 7 асистенции на 40 меча.
Донкастер стигнал до плејофот за пласман во Чемпионшип но испаднал од Чарлтон.
Ајзек Кристи Дејвис, среден ред (22 години)
Кристи Дејвис дошол во Ливерпул од академијата на Челси, клуб со кој ја освоил младинската Лига на шампиони. Во таа екипа играле и Мејсон Маунт, Теми Абрахам и Фикајо Томори, денес стандардни првотимци на тимот од „Стемфорд Бриџ“.
Кристи Дејвис морал да смени клуб за да не седи на клупа за резерви. Во Ливерпул го викнале на проба. А на „Енфилд Роуд“ стигна до У23 тимот каде стана капитен и лидер.
Но на негово место во прва екипа има најжестока конкуренција во првиот тим и затоа тешко да се пробие.
Харви Елиот, десен крилен напаѓач (16 години)
Најголемиот брилијант меѓу младинците на Ливерпул. Тој е најмладиот фудбалер во историјата на Премиер лига. На 16 години веќе има неколку меча во Премиер, но за волја на вистината во Фулам лани.
Јирген Клоп го обожава Елиот. Дечкото растура во младинската Лига на шампиони каде има голови и асистенции. Се уште е млад но веќе има искуство играње со далеку постари професионалци. Би можел еден ден да стане стандарден првотимец.
Луис Лонгстаф, центарфор (18 години)
Миленик на оние навививачи на Ливерпул кој го следат тимот од 12 години па нагоре и се опседнати со „црвените“.
Лонгстаф дојде од Њукасл во Ливерпул во 2015 година. И не, тој не е роднина на браќата Лонгстаф кој неодамна се прославија во Премиер лигата откако заиграа заедно од почеток.
Уште еден интересен факт за Лонгстаф: во дебитантскиот меч за У18 на Ливерпул против Манчестер Јунајтед, влегол од клупата за резерви и дал гол.