Кристијано ер Џордан и неговите четири најголеми скокови

Овие 256 см против Сампдорија не му се рекорд во кариерата. Кој памети колку скокна против Манчестер Јунајтед, знае за што зборуваме.

Најголемиот скок кој Роналдо успеал да го оствари во кариерата се случи во Лигата на шампионите на мечот Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед. Тогаш скокна 293 см, а колку за споредба обрачот на кошот е висок 305. Стигнал со глава на само 12 см растојание онаму каде што кошарките ја куцаат.

Прекарот кој си го даде на Твитер е скроз на место

Неговата вештина во високите скокови е измерена на биомеханички тестови на Универзитет во Чичестер уште во 2011-та. Тогаш му измерија дека може да се одрази 44 см, а со помош на залет 78 см. Мислиш за Магзи Бокс е муабетов.

Силата во неговите бутови и мускулите во горниот дел од телото се од суштинско значење за овој вид на скок, а Роналдо има “живеено“ на фитнес за да го постигне тоа. Другиот важен факт за неговата сила во скоковите, но и во брзината е тоа што има помалку телесни масти од еден супермодел.

Погледнете го ова од синоќа против Сампдорија во забавена снимка. Со колена до глава му дојде.

Од столче момци, инаку ништо не правите.

19 декември 2019 - 09:59