Offside

Синоќа пред натпреварот Марсеј - Левски Софија (1:0) неколку стотини хулигани од Марсеј нападнале гости на клубот Левски кои биле сместени во една од ложите во централниот дел на трибините. Тие во страв тргнале да бегаат кон бугарските навивачи кои беа загредени во гостинскиот сектор, но не стигнаа до нив пред овие да ги дофатат.

Баба му од Шкотска дошла да гледа како Били го скроти Ливерпул

Цела вечер икони на англискиот фудбал како Френк Лампард и Алан Ширер да зборуваат за тоа колку храбро, самоуверено, дрско и сјајно си играл против екипа каква што е Ливерпул, а имаш само 18 години, значи дека мора да си Били Гилмур.

Индиска фудбалска патетика

Коментаторот е 1000% во право и целосно го поддржуваме. Ова е апсолутно патетично и лош пример за помладите, бидејќи ова не е фудбалот што треба да го гледаме. Мизерниот потег ни доаѓа од Индија.

На Леброн му се уарни да фрла тројки од паркинг

Лејкерс без пардон продолжува да гази на патот кон плејофот и борбата за титулата. Синоќа ја згромија Филаделфија 120-107 и сега имаат учинок 47 победи и 13 порази. Леброн постигна 22 поени со 14 асистенции и 7 скока за 34 минути на паркетот. Одново како и на претходните натпревари реши да фрли една тројка скоро од пола терен.

Секоја недела Спорт Лајф доделува 100.000 денари

Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100 000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25 000 денaри за производи од Анхоч или Техномаркет, а пак третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.

Панчев: Забранија фудбал со публика, а кај нас на стадионите има корона 10 години

Златната копачка за 1991-ва се изјасни на многу теми како Звезда, Вардар, балканска лига, потоа го искритикува Мрме, му даде совет на Јовиќ, а направи и една непотребна споредба со која го омаловажи спортот, кој испиша нова спортска историја во Македонија.

Клоп, да не е до писмото?

Најдобриот светски тренер на денешницата кукаше за зимска пауза во Премиер лигата, направи револуција, ама кога се вратија од одмор не може човек да ги препознае - 3 порази без даден гол. Што е работава?

Милер, корнер е во прашање, не испит за пилот

Дојде време кога Баерн Минхен и германската репрезентација полека но сигурно ќе треба да им се заблагодари за сè на некои ветерани како Томас Милер, Мануел Ноер, Жером Боатенг и други од таа генерација која освои многу трофеи со Баварците и „маншафт“, ама веќе е во позни фудбалски години.

Германски четвртолигаш пишува преубава бајка, стигнаа до полуфинале на Куп

Фудбалерите на четвртолигашот Сарбрикен ја творат најубавата сторија сезонава во германскиот фудбал, откако исфрлија уште еден сериозен бундеслигаш и се пласираа во полуфиналето на Купот после 20 изведени пенали!

Најголемото промашување на 21 век се случи во Бугарија

Се вика Лукас Масуеро, доаѓа од Аргентина и оди во Бугарија во Локомотив Пловдив да го оцрни и онака не баш популарниот фудбал. Луѓе ова нема логика, пет пати го изгледавме.

Фабињо, што ти направи детево бе?

Челси го елиминираше Ливерпул во ФА Купот со триумф од 2:0, а Лампард во игра пушти 18 годишен клинец по име Били Гилмор. Сите денеска зборуваат за неговиот перформанс, а Фабињо си заминал дома со црвени обравчиња.

Многу чувство треба за ваков гол со пета

Копа Либертадорес уште е во групна фаза, ама се загрева полека она што ќе следува. Атлетико Параненсе од Бразил го доби Пењарол од Уругвај со маестрален гол на Гиљерме Бисоли во 77’ минута. Маестрален.

Што е па сега со тензијава за карти пред стадион?

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти билетите во продажба за полуфиналниот меч од Лига на нации меѓу Македонија и Косово. Уште прв ден имаше голем интерес, ама и една утка која ги изнервира тие што чекаа ред.

Македонија ја доби групата за новото издание на Лига Нации

Македонските фудбалери, по баражот со Косово и цврсто веруваме историскиот пласман на Европско првенство 2020 летово, наесен ќе игра во група Ц од новото издание на Лига на нации.

Најновиот порно филм на навивачите на Лацио

Јуве има голем и силен ростер од кој може да извади две екипи и моќ која ја демонстрира 8 години по ред во Серија А. Интер донесе сериозен тренер и направи јаки трансфери кои му даваат за право да се надева на прво место, но таму од викендов е Лацио кој сезонава се однесува како Лестер пред некоја година.

Проклета корона, од Чиле дојдов за Милан, гулаби да гледам

Одложувањето на натпреварите во Серија А поради вирусот кои прво требаше да се играат без публика, само ги усложни работите од повеќе аспекти. Едно е хаосот со распоредот, а друго што го јадат стапот навивачи кои доаѓаат од џенем.

Фото на колото

Кога во Јужна Америка се игра фудбал напладне по најјако сонце, тоа знае да биде сериозен подвиг за гледачите. Како на пример овие навивачи на Форталеза кои се наредиле по линијата од сенката од рефлекторот.

Ау мајсторе што волеј ќе беше ова

Во 4. коло од лигата на Република Ирска се сретнаа Шамрок Роверс и Дандалк, два клуба кои во последните сезони најчесто ја претставуваат оваа земја во еврокуповите. Домаќините победија 3-2 и сега се први на табела со 12 бода. Ама вториот гол за гостите што го даде Џордан Флорес тешко дека нема да влезе во трка за гол на сезоната.

Пробале Американци да го тролаат Бекам

На отворањето на сезоната во американската МЛС фудбалска лига, клубот чиј газда од скоро е Дејвид Бекам, Интер Мајами,  изгуби со 1-0 од Лос Анџелес. Домашните навивачи го начекаа Бекс сам во вип ложата, па го скандираа најглупиот трол некогаш слушнат на трибини.

Стариџ кажувал да се кладат за кој тим ќе потпише, сега го репнаа драстично

Нека не ве чуди насловот. Во Велика Британија обложувањето е од век и векова и таму може да се кладите на буквално што ќе посакате. Така комшии, роднини и другари на Стариџ добиле „дојава“ од него за кој тим ќе потпише, ама на крај останале со празни раце. Сега плус и ФА го одра.

Краткиот шут на Дончиќ од пола терен што ќе го смрзнеше Јунајтед Центар

Чикаго Булс тесно, со 109-107 го победи Далас Маверикс во чии редови Лука Дончиќ за 38 минути даде 23 поени, со 5 скока и 9 асистенции. Во последната секунда со големо чувство фрли еден шут од половина терен ама беше краток за малку. Нa околу 20.000 навивачи во „Јунајтед центар“ им се смрзна крв.

Па не е нормален Тоти и во пензија

Не поминаа ни два месеци откако го снимаа и му викаа дека е луд за тоа што го изведе од слободен. Во тој удар имаше сила и ефе. Во овој има нешто што се вика фудбалска интелигенција, која не избледува без разлика што има 43 и игра фудбал само во балони.

Пукна тиквата во Милан, Бобан заминува, Малдини веројатно исто

Трофејниот италијански клуб никако не може да фати континуитет. Овојпат проблемот не е толку на теренот колку што е горе во управата. Бобан добива шут-карта затоа што крена глас, Малдини ќе си оди со него по сè изгледа.

Од таму мајсторе ни Фиго не ја коваше

Се вика Леѓан Мемушај, член е на Пескара и селекцијата на Албанија и изведе удар кој двајца голмани не го бранат. Од таму обично крилата нафрлаат, а овој мртов ладен ја спука во гол со лудачки лоб.