Со оглед на тоа што долгоочекуваниот натпревар е дури на 26 март, ФФМ на време или според македонскиот начин на функционирање, предвреме ги пушти картите.
И тоа е скроз океј бидејќи има голем интерес, но синоќа уште во првиот ден дојде до некои недоразбирања.
Од Федерација на својот сајт соопштија дека на билетарата пред Источна трибина картите ќе се продаваат од 10 до 18 часот, но луѓето биле гневни бидејќи на самата билетара стоело работно време до 20:30.
Тие што чекаа да купат довикуваа да отворат, а потоа го откорнаа паното.
Инаку освен таму, билети може да се купат и преку продажната мрежа на MKTickets, како и на следниве продажни места: T.A. Глобус - Охрид, T.A. Бран - Прилеп, Кафе бар „Концепт“ - Струмица, Симбол Кафе - Штип, Литература - Битола, Киоск Корзо – Неготино, Уни сон - Велес, Тобако Лени + - Гевгелија, Либеро Травел - Кочани.
Едно лице може да купи само еден билет, но мора да покаже лична карта или пасош. Цените за јужна и северна трибина е 300 и 400 денари.
ФФМ апелира на натпреварот сите да носат и документ за лична идентификација, бидејќи картите ќе бидат персонализирани.
МВР ќе ја проверува точноста на личните податоци од влезниците и нема да им овозможи влез на трибините на оние навивачи кои ќе се обидат да влезат под друго име.