Ау мајсторе што волеј ќе беше ова

Во 4. коло од лигата на Република Ирска се сретнаа Шамрок Роверс и Дандалк, два клуба кои во последните сезони најчесто ја претставуваат оваа земја во еврокуповите. Домаќините победија 3-2 и сега се први на табела со 12 бода. Ама вториот гол за гостите што го даде Џордан Флорес тешко дека нема да влезе во трка за гол на сезоната.