Арсенал со супер 6/6 ја заврши групата во Лига Европа и со 18 бода оди во нокаут фаза. „Топџиите“ славеа 2:4 против ирски Дандалк а момент на мечот беше вториот гол за Арсенал кој го даде Мохамед Елнени.
Арсенал синоќа го победи ирски Дандалк во 2. коло од Лига Европа со 3:0 и тоа беше прв натпревар од 1. јули на кој „топџиите“ не примија гол на домашен терен. А мечот го одбележа уште една занимливост.
Во 4. коло од лигата на Република Ирска се сретнаа Шамрок Роверс и Дандалк, два клуба кои во последните сезони најчесто ја претставуваат оваа земја во еврокуповите. Домаќините победија 3-2 и сега се први на табела со 12 бода. Ама вториот гол за гостите што го даде Џордан Флорес тешко дека нема да влезе во трка за гол на сезоната.
Буџетот на рускиот Зенит е 165 милиони, а на ирскиот Дандалк 1 милион, но тоа не му сметаше на анонимниот клуб од Ирска да се пласира во Лигата на Европа, да му пркоси на Зенит и таму веќе после три кола да освои четири бода со домашни играчи.