На средбата на „Емирати“ во Лондон каде Арсенал играше во мешан состав поради тоа што беше огромен фаворит против полу-аматерите од Република Ирска, гостинскиот тим не направи ниту еден фаул за 90 и кусур минути фудбал!
За првпат во историјата една екипа во Лига Европа не направила ниту еден прекршок за време на мечот. Просто за неверување е што тоа го направи ирска екипа.
И тоа во ситуација кога Арсенал целосно доминираше (25:4 во однос на шутеви, 6:1 во рамки на гол, 63% наспроти 37% посед на топка), што во теорија би требало да значи дека ривалот морал да направи многу фаули.
Напротив, „топџиите“ направиле 20 фаули и тоа дури 17 од нив на половина на Ирците.
Каналот Blocknot појасни зошто се случил овој интересен феномен, една екипа за 90 минути да не направи ниеден фаул:
„Оваа слика со прекршоци карактеризира желба на Арсенал активно да пресингува по изгубен посед: преку фаул и тоа е исто омилена тема и на Пеп Гвардиола“.
А тренерот на Арсенал по нови освоени 3 бода во Лига Европа (сега имаат 6 по воведната победа со пресврт во Виена), Микел Артера изјавил:
„Победата изгледа лесна, затоа што ние игравме многу дисциплинирано и од почеток сериозно пристапивме кон мечот. Во составот имаше многу измени, им дадовме шанса и на другите да играат и мислам дека покажаа добар фудбал. Сега ќе ми биде потешко да го одберам стартниот состав“.
И покрај 20-те фаули на Арсенал, судијата Филип Глова од Словачка не покажал ниту еден картон.