Додека италијанските фудбалски власти се договараат за кога да ги преместат одложените натпревари од минатото коло и како да го истуркаат распоредот кој веројатно ќе претрпи многу измени, навивач на Милан сподели една приказна на Твитер, која на крај и не му завршила така малерозно.
Но проблемот е што не е од Милано, туку од Чиле. Давид патувал 24 часа и поминал 13.000 километри со цел да стапне на Сан Сиро, но мечот Милан – Џенова го одложија поради вирусот. Чилеанецот така остана без исполнување на сонот, а тоа е да го гледа Милан во живо.
Но патувањето на овој навивач во Италија и не поминало толку лошо, бидејќи за патот кој го утепал од Јужна Америка, Милан го награди на доста фин начин за кој сигурно ќе се фали по другари.
Давид имал чест да се запознае со поранешниот италијански напаѓач Даниеле Масаро кој е дел од клубот и да добие прошетка во музејот на седумкратниот шампион на Европа.
И не само тоа, туку оваа авантура ќе ја памети и по тоа што доби дрес од Милан со потпис од Калабрија.
Па дури и го викнале да биде гостин во радиото на клубот.
You embody the true Rossonero spirit 🔴⚫️
— AC Milan (@acmilan) March 2, 2020
Thank you @DavMoraCvitanic: see you again soon, this time at San Siro 😉
A presto David, la prossima volta sarà a San Siro! 😉#SempreMilan https://t.co/eyZjHLqlYD