Били Гилмур преминал во Челси од Глазгов Ренџерс во 2017-та година. Во академијата на шкотскиот клуб важел за многу талентиран играч кого го чека сјајна иднина. Новинарите го нарекувале „новиот Фабрегас“ поради неговата техничка поткованост да даде клучно додавање дури и кога е под јак пресинг. Цеск му бил омилен играч и идол.
За само една година Били Гилмур одлично се адаптирал во У-18 во Челси па го прекомандувале во У23.
Во февруари 2020 и официјално Френк Лампард го префрлил од втор во прв тим. Тој е еден од ретките, ако не и единствен кој стигнал до прв тим без да оди на позајмица претходно. Интересна сторија.
Голобрадиот Били играше не на кој било меч, туку на страшното дерби со европскиот шампион Ливерпул. Навивачите на Челси беа збунети од изборот на Лампард и сметале дека малиот Гилмур е уште неискусен да се носи со ѕверките од „Енфилд“.
А храбриот Шкотланѓанец не само што се носеше одлично, туку едвај го задржуваа и заслужено стана играч на мечот.
Френк Лампард за најдобриот играч на мечот Били Гилмур:
„Ни тронка не се сомневав во него. Првпат излезе на терен на мечот против Шефилд Јунајтед кога одигравме нерешено. Тогаш излегоа многу прашања, но јас не се сомневав во него.
И покрај скромните физички предиспозиции, тој поседува неверојатен талент и големи лични квалитети. Секогаш посебно внимателно ја оценувам играта на средниот ред. Дали тој се труди да прими топка во секоја положба и во секој момент од времето? Да. Дали постојано бара простор за најдобра топка во длабочина? Да! Дали не се плаши да прими свртен со грб? Да, тоа е негова особина.
Тој (Били Гилмур) се прави исправно, а притоа има вродена скромност. Вечерва на мечот дојдоа да го гледаат сите блиски, и баба му и дедо му од Шкотска, а он беше сјаен. Не зборувам за пробив на млад играч во прв тим, туку за врвен настап на фудбалер на највисоко ниво кој играше против противник од светска класа.
На високо ниво игра апсолутно самоуверен. Јас како тренер не сум склон да давам брзи пофалби, но гледам колку комфорно се чувствува себе на теренот. Го чувствува ритамот на екипата и способен е да делува во интерес на екипата. Неговите соиграчи и противници чувствуваат дека крај нив има класен играч.
Тој покажа одлични резултати на тренинзите годинава. Дојде во прв тим од академијата и со својот однос кон работата заслужи да стартува против Ливерпул. Денес тој одигра инспиративен меч“.
Пофалби за талентот од Шкотска имаше и легендарниот Алан Ширер:
„Ѕвезда на шоуто беше Били Гилмур, просто фантастичен настап. Неговата концентрација на теренот за 18-годишно момче е неверојатна. Знаете дека многу го гледам Челси сезонава, и тие многу добро владеат со топка преку Жоржињо, тој има одличен пас, но ако гледате како ја движеа топката напред, Жоржињо не успеваше како малиот вечерва. Иако ова беше негов прв меч на такво ниво против таков противник каков што е Ливерпул“.
Тој (Били Гилмур) не беше добар само во нападот, туку одлично покриваше и пред четворката во одбрана. Се правеше добро, одбрана, напад, додавања, дуели. Неверојатна самоувереност во своите способности за 18 години“.
Great team performance and proud to receive the man of the match award tonight. On to the quarters 💪🏼💙 pic.twitter.com/RnVYDXWUGO
— Billy Gilmour (@billygilmourrr) March 3, 2020