Offside

Бразил и Мароко си ја завршија прописно работата во Ц групата и им докажаа на Шкотска и Хаити дa не се надеваат на првите две позиции. Шкотска уште има шанси да оди како трета. Винисиус ја продолжи низата на Меси, Мбапе, Халанд и Роналдо со два гола.

Преведувач доби жолт картон што превел што рекол тренерот

Анге Постекоглу е грчки тренер роден во Атина кој цел живот играл и работел во Австралија уште од 1978-ма година. Беше и селектор на оваа земја која ја водеше на Светско првенство. Сега е тренер во јапонска Јокохама Маринос каде преведувачот го окрка стапот откако на судијата му превел нешто што рекол тренерот Постекоглу.

Што славје ќе беше ова на Стемфорд Бриџ

Голем триумф на Челси против Атлетико Мадрид од 2-0 и пласман во четвртфинале на Лига на шампиони. На трибини Тиаго Силва, Жоржињо и Мејсон Маунт, секој од разна причина отсутен. Дава во 90+4' минута левиот бек Емерсон гол за триумф и тројцава полудуваат од радост.

Баерн рутински со Лацио, Челси го елиминира Атлетико Мадрид

Вечерва актуелниот европски првак Баерн Минхен и англиски Челси станаа уште два патници во четвртфиналето на Лига на шампиони откако и во реванш дуелите ги совладаа Лацио и Атлетико Мадрид.

Дали е Атлетико оштетен за чист пенал со Челси?

Многу спорна одлука се случи на реванш мечот меѓу Челси и Атлетико Мадрид од 1/8 финале на ЛШ. На првиот дуел Челси славеше 0-1 на неутрален терен во Букурешт, а на реваншот во Лондон Атлетико уште во 27' минута можеше да добие пенал и евентуално да ја надомести негативата.

Нов гол на Мбапе за во музеј

Во францускиот Куп, ПСЖ со 3-0 го сомле лидерот во француската Лига 1, Лил. Икарди ги отвори гостите со гол во 9' минута, а Мбапе даде два гола. Еден во 41' од пенал и еден после луд трк во 90+3' минута.

Махер на колото со кец у два и два у кец

Вие пак играјте Лига на шампиони.

Афроамериканците во НБА се плашат од вакцини, стравот им потекнува од времето кога се експериментирало со нив

Пред неколку дена Њу Орлеанс Пеликанс официјално објави дека спроведува вакцинација против КОВИД-19 меѓу играчите од прв тим. Пеликанс станаа првиот НБА клуб кој реши да го вакцинира цел тим и стручен штаб. Ама....

Како сонот на Азар се претвори во кошмар

100 милиони евра го платија и се води како второ најскапо засилување на Реал после Бејл кој ги чинеше 1 милион повеќе. 400.000 фунти неделно му е плата, а го пречекаа 50.000 навивачи. Но на контото на Азар оваа и минатата сезона до сега има вкупно 25 настапи и 3 гола. Глава не крена од повреди.

Најзафркнати навивачи во НБА во градот каде никому не му се гостува

Кошаркарите во НБА многу често не се единствени во својот однос кон било што, ама кога ќе се сложат околу нешто, многу долго се придржуваат околу тој конзенсус. Дури и тогаш кога се работи на одлука на ниво на цела држава.

Мамиќ за претседателот на Врховен суд: Клептоман, криминалец, преварант и злосторник

Само Здравко Мамиќ држи прес конференции од 2 часа, како што го направи тоа синоќа во Мостар, ама што е многу многу е. Извадивме само едно парче од 2 минути и пар поенти од шоуто. Не бе, неповторлив лик е. Сам си кажа колку пари до сега дал за судии.

Топла приказна на денот - Пол Сколс црта за син му со аутизам

Некогашниот лидер и права легенда на Манчестер Јунајтед има занимливо хоби. Карантинските денови ги проаѓа во цртање за син му Ејден кој пати од аутизам.

Фудбалер од Португалија славеше роденден како Борат

Целото име му е Андре Филипе Алвес Монтеиро, а скратено го викаат Укра. Игра за португалски прволигаш Санта Клара, а претходно бил член на ЦСКА Софија. Има и еден повик за репрезентација на пријателска. Ова чисто да го запознаете пред да му ја видите роденденската забава за која како да ви кажеме.

Улична Лига на шампиони во Бразил

Додека се игра осминафинале на УЕФА Лига на шампиони, да видиме како тоа изгледа во земјата на фудбалот. На улица со пехар, со медали, со озвучување, со деца на терен со играчите, со химната, со сè.

Рогачката, па ако влезе влезе

Додека синоќа во центарот на вниманието беа двете четвртфинални двојки од ЛШ, во Серија Б се случи лудорија на која коментаторот урлаше: Ова е апсурден и лудачки гол без никаков сенс, не постојат други зборови. Будалетинката е Микеле Кастањети од Кремонезе.

Аталанта создава гол шанса, а судијата свири крај

Не беше баш коректна судиската одлука на главниот арбитар на крај на прво спрема Аталанта. Кога на семафорот стоеше 44:59, а гостите правеа акција од која можеше да падне и гол, тој реши да им ја прекрати. И коментаторите реагираа. Секогаш во вакви ситуации се остава да одат во напад.

Аталанта го изненади Реал со штосен слободен удар, ама не и со пресврт

Манчестер Сити и Реал Мадрид ги оправдаа фаворитските улоги и со нови победи на убедлив начин стигнаа до четвртфинале. За одбележување се евроголот на Де Брујн и слободниот удар на Аталанта која им ја криеше топката на Кралевите со помош на сопствен жив ѕид.

Од каде ја извади Кевин левицава?

По триумфот во Германија од 0:2, Манчестер Сити уште во 12 минута ја потсети Борусија Менхенгладбах дека нема што бара ниту на реваншот. Пораката ја испрати преку еден од најдобрите поединци, Кевин Де Брујн, а голманот прашање е дали воопшто го виде проектилов.

Фудбалски старт за во Алкатраз

Овој што интервенира без акал се вика Озер Оздемир од Денизлиспор, а кутриов со број 13 е Жуниор Мораис од Газиантеп. Значи турска прва лига. Добро што стана на нозе после ваква кунг фу интервенција за која е малку и црвен картон. Ќе го убиеше бе слепец.

Човекот кој најмногу му фали на Ливерпул

Англискиот првак е во криза, евидентна играчка криза, а голем проблем плус е што позади пет месеци се без Вирџил Ван Дајк, единствениот дефанзивец во светот прогласен за играч на годината според УЕФА. Оперираше колено во октомври, најзаебаната повреда за фудбалер.

Реал потрошил 304 милиони евра за 6 играчи кои за 3 години дале само 35 гола

Реал Мадрид игра офанзивно најслаба сезона во последните 14 години. Тоа е сèшто треба да знаеме за нападот на „кралскиот тим“ кој делува просечно.

Цепидлака фан на Меси

Е сега пошто си глуп оди пак да чекаш ред, пошто овој не ти важи. Опашка зема да му става.

Офсајд лик: Кингсли Коман

Кога читаш вести за фудбал од кај нас и од една Германија, сфаќаш дека тоа се две различни галаксии. Во Македонија навивачи собраа 50.000 евра за да го одржат на апарати нашиот најтрофеен клуб, а таму толку чини пари за казна. Каква? Ептен банална.

Бунар на месецот за кој се смееше пола НБА

ЛА Лејкерс немилосрдно со 128:97 го претепа Голден Стејт Вориорс. Најефикасен кај „езерџиите“ беше Монтрезл Херел со 27 поени и 5 скока, Леброн имаше 22 поени, 10 скока и 11 асистенции, а Кајл Кузма 17 поени, 5 скока, 4 асистенции и еден бунар.

Хируршките додавања на Стивен Џерард

Капитен, легенда, симбол на Ливерпул. Фудбалот го имаше во мал прст. Немаше натпревар а да не подели некоја топка „на тацна“. Да имаше подобри соиграчи какви што има денешниот Ливерпул, ќе беше крал на асистенции.