Фудбалерот од среден ред на Аталанта Бергамо, Мартен Де Рон бил дел од убавата замисла на маркетинг тимот. Сакале лично тој да ги изненади навивачите на клубот и во фан-шопот да плати дрес на првите тројца кои ќе побараат дрес со неговото презиме на грбот.
За жал, не тргнало како што сакале, па Де Рон некое време се врткал околу клупската продавница и местел сложувалка (пазл за Аталанта).
После се напил и кафе и чекал некој гостин да купи дрес.
Од досада почнал да реди и карти за играње, поседел и зад пултот, гледал телевизија и малку задремал.
На крај во 19:30 продавачот му кажал дека е време да затворат.
„Сигурен сум дека Меси никогаш не би поминал низ ова“, 30-годишниот холандски фудбалер напиша духовит коментар на видеото објавено на неговите социјални мрежи.
I bet Messi never has to deal with this. pic.twitter.com/W4uG6YPP1h
— Marten de Roon (@Dirono) September 23, 2021