Само три дена по ремито против Гранада дома, Барселона одигра 0:0 на гости против Кадиз, екипи кои треба да ги меле ако сака да се бори за титула.
По 6 кола во Ла Лига, каде Реал е прв со 16, а Атлетико втор со 14 победи, без пораз се и Каталонците, но имаат само две победи, три нерешени и еден натпревар помалку.
Барселона синоќа имаше 68% посед на топка, но Кадиз беше подобар во еден друг статистички податок, а тоа се вкупниот број на удари 13:6 или 3:2 во рамки на гол.
Двете најсериозни шанси на мечот ги имаше Мемфис Депај, кој прво сам се сплетка пред гол, а потоа го промаши цел гол во контрата предводена од Пике.
Во 65-та минута втор жолт картон доби Френки де Јонг, а во 96-та минута настана македонската.
Домаќините тргнаа во контра, а во шеснаесетникот на Барса имаше уште една топка. И додека сите ја игнорираа, Бускетс ја рогна токму во играчот кој ја водеше акцијата. Судијата го прекина мечот, а Кадиз даде гол.
Бускетс за неспортскиот потег доби жолт картон, а Куман за приговор доби црвен. Одиме со ред:
51-ва минута, промашен зицер на Депај кој останува на 2 гола за Барселона.
Втората голема шанса на холандскиот напаѓач во 94-та минута
Неспортскиот гест на Бускетс
8 - #FCBarcelona have scored 8 goals after their first five games this season in #LaLiga, the lowest figure in this stage of the competition since 2003/04 season (5). Scarce. pic.twitter.com/nQuOPxSr46
— OptaJose (@OptaJose) September 23, 2021
Со вакви утки Барса нема далеку да стигне