Таг: серхио бускетс

Што ќе им уште фудбал на Бензема и Бускетс?

Едниот заминува од Бернабеу после 14 сезони во кои постигна 354 гола, стана втор најдобар стрелец во клупската историја и освои Златна топка и 24 трофеи меѓу кои 5 титули во ЛШ. Другиот ја заврши одисејата со 15 сезони во кои оствари 722 настапи и освои 32 трофеи од кои 9 титули во Ла Лига и 3 во ЛШ. Има ли некој фудбалер кој не би ги посакал овие бројки?

Интелигенцијата на Бускест во врвна компилација од 1 минута

Чави - Иниеста - Бускетс, легендарно и незаборавно трио на Барса. Бетон во среден ред, топка не им се земаше. Што ги поврзуваше тројцата? Паметот. Во најкуса верзија ќе ви покаже Серхио, а ќе ви каже Пеп.

Емотивни сцени на Камп Ноу, збогум за легендите Бускетс и Алба

Серхио Бускетс и Жорди Алба го одиграа последниот танц на Камп Ноу како играчи на Барселона. Цел стадион ги испрати со овации. Заминуваат со полни раце успеси. Заедно имаат 50 трофеи и 1.181 настап.

Емотивно збогување на Бускетс со Барселона

15 години верност, над 700 настапи, 31 трофеј кои овој месец ќе станат 32, две тројни круни. Серхио Бускетс заминува од Барселона како легенда која вечно ќе се памети како дел од незаборавното трио со Чави и Иниеста, креатори на еден од најдоминантните тимови во историјата на фудбалот. Им се заблагодарува буквално на сите.

Селски потег на Бускетс, црвен картон за Де Јонг и Куман и два зицери на Депај

Каталонскиот тим ја има најслабата реализација во последните 17 години и не може да победи екипи како Гранада и Кадиз. Кај не им оди без Меси, па уште и се глупираат со две топки на терен и тоа староседелецот Серхио Бускетс кој треба да им служи за пример во екипа.

10 години од оскаровецот Бускетс

На денешен ден пред точно 10 години се случи една од посрамните глуми кои поминуваат само во Театар Комедија. И тоа актерот кој го стори тоа беше Серхио Бускетс во дуел со Тијаго Мота. За срамот да биде поголем, мечот беше полуфинале во ЛШ.

Драмската глумечка школа на Барселона

Во 1/8 финалето од шпанскиот Куп Барселона изгуби 2:1 од Леванте. Каталонците играа со втор состав, а од првотимците истрчаа само Бускетс, Видал и Дембеле. До 18’ минута Леванте водеше 2-0 а Барса намали од пенал дури во 85’ минута. Реваншот е на „Камп Ноу“ на 17 јануари. Но оставете тоа:

Бускетс си ги работи како сака

Уште не спласнати импресиите од интелигентниот потег против Севиља, ете ти нов мангупски потег на Сехио Бускетс со кој исфрли од игра двајца играчи на Интер. Дечково прави до толку интелигентен фудбал, што имаме чувство дека не можел до толку многу да исплива на виделина низ годиниве наназад поради тоа што постоеа двајца негови соиграчи по име Чави и Иниеста.

Како Бускетс избегнува притисок од пред гол

Тер Штеген има тешка дилема дали да му ја даде на Серхио Бускетс кој се чини дека е најризично решение во моментот. Но кога двајца играчи на Севиља ќе му се пуштат како хиени, тој им демонстрира сталоженост, искуство па и мангупарија. Мозок е.

Да видиме што знае Бускетс со топка

Барселона не се состои само од Меси и Иниеста. Има таму повеќе врвни фудбалски мозоци кои ја кријат топката. Еден од нив е Серхио Бускетс со “скромни“ 473 настапи и вкупно 10 сезони стаж во каталонскиот тим. Од што е многу јак Меси, не може човек да забележи што сè работел на терен Бускетс само оваа сезона.

Каде е топката Пјаниќ?

Барселона немаше потреба да дава многу гас на Алијанц арена, бидејќи на овој дуел влезе математички како осминафиналист. Затоа Серхио Бускетс си дозволи еден луксуз на своја половина ала Зи Зу.

Оскарот оди за...

Помеѓу номинираните за најдобра главна машка улога на Оскарите се најде и една ѕвезда од Барселона. Погодувате кој?

Во школото на Бускетс

Откриени се методите за тренинг на млади фудбалери во академијата на Серхио Бускетс.