Емотивни сцени на Камп Ноу, збогум за легендите Бускетс и Алба

Серхио Бускетс и Жорди Алба го одиграа последниот танц на Камп Ноу како играчи на Барселона. Цел стадион ги испрати со овации. Заминуваат со полни раце успеси. Заедно имаат 50 трофеи и 1.181 настап.

Бускет и Алба добија целосно заслужен Standing ovation од навивачите на Камп ноу кој крцаше на последниот меч во сезоната и општо последен, бидејќи величеството здание на Барса ќе се реновира.

Серхио во бројки на внуците ќе им раскажува за 15 сезони верност, 722 настапи и 32 трофеи.

Жорди има право да се фали со 11 сезони, 459 настапи и 18 трофеи.

Првиот освои 9 титули во Ла Лига и 3 во ЛШ и беше дел од двете тројни круни во сезоните 2008/2009 и 2014/2015. Вториот ја фати втората и има 6 титули и една ЛШ.

И двајцата беа дел Ла Масија. Бускест од таму продолжи во Б тимот на Барселона па во прв тим, а Алба во јуни 2012 пристигна од Валенсија за 14 милиони евра.

Тоа се всушност последните двајца од златните времиња на доминантната Барса.

На последниот меч против Мајорка кој го добија со 3:0, Алба се прости со солзи, а Бускест со насмевки.

 

 
29 мај 2023 - 09:54