Каталонците се спасија од пораз во 90-та минута, а веќе кога не им оди на напаѓачите, а Агуеро, Дембеле и Фати се повредени, на конечни 1:1 израмни Роналд Араухо.
Трет гол за младиот уругвајски дефанзивец во неговата трета сезона во дресот на Барселона.
Израмнувањето требаше да биде во 80-та минута, но Лук де Јонг со своите искусни 31 година, реагираше многу аматерски пред гол.
А пред само десетина дена, Куман го пофали:
„Кога има центар шутеви, Лук е поопасен од Нејмар. Тој е поинаков тип на напаѓач и мислам дека сите екипи треба да имаат еден како него“.
Де Јонг доби шанса на стартот на второто полувреме, а од првата минута играше Депај со поддршка од офанзивните Кутињо и тинејџерот Јусуф Демир. Холандскиот напаѓач имаш неуспешен акробативен обид за гол.
За одбележување е и извонредната интервенција на Луис Максимијано на крајот од првиот дел.
Инаку гостите поведоа преку Домингос Дуарте по само 85 секунди игра.
Израмнувањето на Араухо.
Барселона има скор од две победи и две нерешени во првенство.