Не знаеме што сте типувале синоќа во ЛШ, ама паралелно и на двете средби во финишот беше драма и за влакно не се случи пеналите да бидат и на другиот или само на другиот дуел. Родриго Рикелме пропушти чиста шанса да го реши Интер во регуларните 90 минути, а Лук де Јонг, една минута пред да прими ПСВ втор гол ја имаше шансата за 1:1, резултат што ќе знаеше продолженија.